Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
2Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
СветАрагчи: Не баравме преговори со САДШефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска изјави дека во последните денови не бил во контакт со специјалниот американски претставник, Стив Виткоф, ниту пак Техеран побарал преговори, објавија иранските државни медиуми.Аракчи изјави дека разни посредници водат консултации со Техеран, но дека разговорите можат да се одржат „само кога нема повеќе закани и прекумерни барања“, јавија британските медиуми. „Во последните денови немало контакт меѓу мене и Виткоф и од нас не е испратено барање за преговори“, додаде министерот. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека дополнително американско воено засилување е на пат кон Иран и изрази надеж дека Техеран ќе постигне договор со Вашингтон. САД го зголемија своето воено присуство во Заливот по националните протести во Иран, што доведоа до најкрвавата пресметка во земјата од Исламската револуција во 1979 година, истакнуваат британските медиуми. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера му рече на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман дека Техеран го поздравува секој процес во рамките на меѓународното право што спречува војна.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите. Венко Филипче, како министер за здравство, направи тотален колапс на здравствениот систем. Токму во периодот кога Филипче беше министер, голем број здравствени работници го напуштија јавното здравство, а системските проблеми останаа нерешени. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс, туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците. Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки. СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија, каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар. Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки, за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително, се работи и на отстранување на проблемот заради кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар, за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на стабилизација на здравствениот систем, подобрување на условите во јавните здравствени установи, намалување на листите на чекање, инвестиции во опрема и обезбедување поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи кои ќе обезбедат поефикасен, поквалитетен и поодржлив здравствен систем. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНов удар за Бред Пит: Уште едно дете сака да се откаже од неговото презимеСемејниот раздор меѓу поранешната холивудска брачна двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли не покажува знаци на стивнување, дури и години по нивниот развод.По стапките на Шајло, Захара и Медокс, и 18-годишната Вивиен одлучи официјално да го користи само презимето на мајка си Џоли. Најмладата ќерка на славниот актер и Анџелина Џоли поднесе барање за официјална промена на името, со цел да се откаже од презимето на татко си Бред Пит. Според судските документи поднесени до Вишиот суд во округот Лос Анџелес, таа сака нејзиното име да се промени од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Како причина за промената се наведени „лични причини“, а рочиштето е закажано за 2 ноември. Ова не е првпат Вивиен јавно да ја покаже својата желба да се дистанцира од презимето на татко си. Во мај 2024 година, додека работеше како продуцент на бродвејската претстава „The Outsiders“ заедно со нејзината мајка Анџелина Џоли, таа во театарската програма беше наведена едноставно како Вивиен Џоли. Вивиен, родена во 2008 година заедно со нејзиниот брат близнак Нокс, сега е четвртото дете на поранешниот холивудски пар што одлучило да се откаже од презимето на таткото. Нејзината постара сестра Захара (21) и братот Медокс (24) претходно го направија истиот чекор, бидејќи и тие сакаат официјално да го користат само презимето Џоли. Според законите во Калифорнија, поединците што сакаат да го променат своето име или презиме се должни да објават јавно соопштение во весник четири последователни недели пред судското рочиште – чекор што Захара и Медокс веќе го презедоа, пренесува CdM.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветенотоОвој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен.Добар ден и од мене. Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина. Да се заблагодарам на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, на советниците во Советот што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, сите оние коишто се вклучени во овие проекти, на колегите од Владата, министерот за спорт. Навистина овој инвестициски бран има за цел да го видоизмени ликот, би рекол, на многу градови, многу населени места во државата и јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари, истакна премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook