Apple ја одложува премиерата на авомобилот и се откажува од автономно возење - Канал 5

Apple ја одложува премиерата на авомобилот и се откажува од автономно возење

Apple уште еднаш ја одложи премиерата на својот прв модел на автомобил.

Apple ја одложува премиерата на авомобилот и се откажува од автономно возење

Долгоочекуваниот автомобил на Apple, познат и како Apple Car, нема да биде готов уште неколку години. Поточно, Apple одлучи да ја премести премиерата уште еднаш, сега од 2025 година на 2026 година, пренесува Bloomberg.

Дополнително, првиот модел на Apple можеби е иновативен, но спротивно на најавите, ќе го задржи класичниот волан и контролите. Имено, се чини дека нема да има ништо од системот за автономно возење на ниво 5, кој за 2025 година лично го најави Кевин Линч, шефот за развој на автомобили под името Project Titan. И покрај тимот од околу илјада вработени и годишниот буџет од една милијарда долари, технологијата се чини дека не е готова, па амбициите стивнаа.

Наместо тоа, автомобилот ќе има поедноставен систем за автономно возење што ќе овозможи автономно возење на возилото на автопат. Малку неочекувано, бидејќи претходно се зборуваше дека технологијата е повеќе или помалку подготвена и дека автомобилот ќе има целосно функционален систем за автономно возење од највисоко ниво. Се споменуваше дури и автомобил како Canoo со свртени седишта и без класични контроли на воланот.

Apple го разви компјутерот Denali, чиј процесор нуди перформанси четири пати побрзи од најдобриот постоечки чип. Системот на Apple користи облак технологија за вештачка интелигенција која се потпира на веб-услугите на Амазон за хостирање. Секако, автомобилот ќе биде опремен со камери, радари и лидар.

Производителот сè уште бара партнер кој би бил подготвен да обезбеди поддршка во форма на платформа. Исто така, последниот автомобил се очекува да има цена под 100.000 долари, што ќе го направи конкурентен со автомобили како Mercedes EQS и Tesla Model S.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

Денеска (06.08.2026) во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да настанат од користење мобилен телефон при управување возила. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС Кавадарци, на подрачје на Скопје и Кавадарци, реализираа превентивна активност „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, како и од СВР Штип, во Куманово, Свети Николе, Виница и Кочани спроведоа превентивни активности наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со акцент на тоа дека електричен тротинет може да управува само лице кои има наполнето 18 години. За време на активноста, граѓаните беа запознаени и со другите измени на Законот, а им беа делени и летоци со едукативна содржина. Полициските службеници од ПО Ропотово при СВР Битола, пак, во с.Дебреште со најмладите жители реализираа едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот при што ги запознаа со основните правила во сообраќајот, со цел развивање на безбедносна култура кај најмладите.

Полициски службеници од ПС Берово во Берово реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Христијан Мицкоски повторно се обидува да ја претстави реалноста поинаку од она што е.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Цитира извештај на Еуростат за законска минимална плата и тврди дека кај нас е најевтино и нашите граѓани живеат најдобро.

Но бројките покажуваат сосема друго.

Според споредбата на минималната нето плата и цената на дизелот во регионот:

• Во Словенија со минималец се купуваат 629 литри дизел

• Во Хрватска 516 литри

• Во Црна Гора 400 литри

• Во БиХ 362 литри

• Во Србија 286 литри

• Во Косово 263 литри

• Во Македонија само 261 литар

• Во Албанија 214 литри

Работник со минималец во Македонија мора да работи 39 минути за еден литар дизел.

За резервоар од 50 литри му одат 19,15% од целата месечна плата.

Ова не е „куповна моќ“.

Ова е сиромаштија.

Мицкоски може да цитира што сака.

Граѓаните ја гледаат вистината на бензинска пумпа и во продавница.

Лагите за стандардот повеќе не поминуваат.

Не може статистика да го убеди граѓанинот на Македонија дека живее подобро од она што навистина го живее.

Граѓаните својата статистика ја имаат во паричникот и во фрижидерот.

И повеќе никој не може да го слуша Мицкоски и неговите бајки за трета економија во Европа, прва во туризмот, лидер во авио-сообраќајот и аеродромот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер