Апостолска – Томан: Одличните политички односи цврста основа за надградба на економските односи

Во Скопје се сретнаа Зорица Апостолска и чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан.

Економските односи помеѓу двете земји, условите за инвестирање во Македонија и нивно претставување пред чешката бизнис заедница беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан.

Зборувајќи за инвестицскиот амбиент и Законот за финансиска поддршка на инвестициите министерката Апостолска истакна дека просторот за економска соработка помеѓу двете земји не е исцрпен, можностите за нејзино продлабочување постојат од аспект на стимулативната инвестициска клима која може да биде атрактивна за чешки компании да реализираат инвестициски проекти во земјава.

-Унапредувањето на трговските односи, кои во првите девет месеци од годинава бележат раст од 9,3 отсто споредено со истиот период од 2018 година, зборува за позитивната економска доверба која постои помеѓу двете земји и истовремено може да биде позитивен сигнал за чешките компании Македонија да ја препознаат како своја инвестициска дестинација, рече Апостолска.

Амбасадорот Томан посочи дека од нивна страна активно се работи на приближување на стопанските заедници и градење на што повеќе деловни релации помеѓу чешки и македонски компании, притоа изразувајќи уверување дека Македонија има многу што да понуди во делот на индустријата поврзана со железничкиот транспорт, текстилот и земјоделството.

Заеднички беше оценето дека одличните политички односи помеѓу двете земји, од перспектива на поддршката која Република Македонија ја добива од Република Чешка во евроатланските интеграции, создаваат цврста основа за понатамошна надградба на економските и инвестициските односи./МИА

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русин избодел до смрт двајца Украинци во трговски центар во Германија

Двајца Украинци се убиени во сабота навечер во трговски центар во Мурнау, Германија, а до смрт ги избодел 57-годишен Русин, пишува Киев пост.

Во соопштението на баварската полиција се наведува дека една од жртвите, 36-годишен маж, починал на лице место, додека другата жртва, 23-годишен маж, вечерта им подлегнал на повредите во болницата.

Осомничениот руски државјанин по инцидентот е уапсен на домашна адреса, а истрагата е во тек.

Баварската полиција ги повика сите граѓани кои можеби го виделе нападот да контактираат со нив за да се расветлат околностите на овој напад кој однесе два животи. Информации за ова убиство пренесуваат и германските медиуми.

притисни ентер