Апостолска: Го стимулираме растот на платите во приватниот сектор, со цел зголемување на мотивацијата кај работната сила

Во рамки на теренските активности кои претходеа на денешната редовна седница на Владата, која се одржува во Охрид, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска ја посети печатницата „Коста Абраш“.

Изразувајќи задоволство што посети уште една успешна домашна компанија која ја препозна стимулативноста на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, министерката Апостолска истакна дека низ транспарентна постапка, со јасни и јавно достапни критериуми, без преговарања, се изедначени домашните и странски компании во пристапот до финансиски средства за реализација инвестициски проекти.

На средбата со менаџментот на компанијата, стана збор и за проблемот со недостаток на квалификувана работна сила, при што министерката Апостолска посoчи дека Владата води комплементарни процеси за поддршка на индустријата, на приватниот сектор.

„Од една страна ги поддржуваме компаниите во унапредување и развој на производството, а од друга страна им ја зголемуваме достапноста на мотивирана работна сила преку дуалното образование и поддршката за исплаќање на повисоки плати. Го стимулираме растот на платите во приватниот сектор, со цел зголемување на мотивацијата кај работната сила да остане во индустријата. Во оваа насока како пример може да го наведеме субвенционирањето на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари досега го искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор добија зголемување како резултат на оваа мерка“, истакна министерката Апостолска..

Посетата на компанијата министерката Апостолска ја искористи да направи обиколка на фабриката, да се запознае со производствениот процес, кој вклучува печатање и изработка на учебници, книги, разни видови на обрасци и други печатени материјали, изработка на амбалажа за прехрамбени производи, амбалажа за лекови, се наведува во соопштението од Владата.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер