Апликациите на мобилен може да помогнат и во чување на здравјето

Апликациите на мобилните телефони кои ги порттикнуваат корисниците да станат и да се движат секој час или да се стремат кон поголем број чекори секој ден помагаат во зголемување на активноста и вежбањето, покажуваат новите истражувања.

За истражувачки цели, корисниците на апликацијата MyHeart Counts беа опфатени со четири програми и секој помогна да се зголеми бројот на чекори за неколку стотици дневно, тврдат научниците во трудот објавен во списанието Lancet Digital Health.

„Физичката активност е едно од најмоќните средства во медицината - помоќна од кој било лек“, вели раководителот на студијата Др. Еуан Ешли од универзитетот Стенфорд, во Калифорнија.

„Физичката активност помага во секоја главна категорија болести - срцеви заболувања, дијабетес, разни видови рак, на мускулно-скелетен систем, ментално здравје и многу повеќе“, вели Ешли. „Охрабрувањето на луѓето да вежбаат само малку повеќе, може да има драматичен ефект врз здравјето“.

Апликацијата MyHeart Counts ја следи физичката активност, квалитетот на спиењето, расположението опишано од корисникот и чувството за здравје. Возрасните корисници биле избрани по случаен избор на една од 24-те програми за зајакнување на активностите, како што е целта од 10,000 чекори на ден, станување по секој час седење, читање препораки за движење на веб-страницата на Американското здружение за здраво срце или на персонализирани совети за вежбање.

Од 2075 волонтери кои учествувале во студијата, 493 ги исполниле сите препораки и учествувале во тестот 35 дена или повеќе. Од вкупно испитаните , 74 проценти биле машки, 87% биле бели, и на просечна возраст од 40-тина години.

Пред програмата, испитаниците во просек оделе околу 3000 чекори на ден, а по завршувањето на програмата тој просек се зголемил за 319 чекори на ден за оние кои ги проучувале упатствата на Американското здружение за срце, 267 чекори за оние кои станувале секој час, 254 за оние кои имале персонализирани совети и 226 чекори за групата која имала за цел 10,000 чекори на ден, откриле научниците.

Не било забележано дека некоја од програмите е поефикасна од другите.

„Добрата вест е дека не требаше многу за да се активира поголема активност и не беше потребно комплицирано потсетување“, вели Ешли. „Лошата вест е дека не се промени многу физичката активност. Но, десет проценти зголемување на активноста е достоен за тоа, ако може да се постигне на целото население “.

„Едноставни програми за мобилна апликација можат да помогнат во зголемувањето на ангажманот во здрави навики, како физичка активност“, вели Ешли.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер