Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив - Канал 5

Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

- Сите му должиме длабока благодарност на претседателот Трамп, изјави Виткоф, пред да биде прекинат од долг аплауз и извиците „Благодариме, Трамп!“

Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф синоќа ги пофали напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за постигнување примирје во Газа, во говорот што го одржа на митинг на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе.

- Сите му должиме длабока благодарност на претседателот Трамп, изјави Виткоф, пред да биде прекинат од долг аплауз и извиците „Благодариме, Трамп!“, пренесе ДПА.

Портпарол на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите лица изјави дека на плоштадот имало околу 400.000 луѓе, а митингот се одржа еден ден по стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Виткоф, кој беше придружуван од ќерката на Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, им оддаде почит на силата и трпението на семејствата и на израелскиот народ.

- Ви благодарам што покажавте дека иднината на овој регион може да се изгради не врз пепелта на старата омраза, туку врз ветувањето на заедничката надеж, рече Виткоф, кој претходно ја посети Газа во придружба на израелската војска. „Сонував за оваа ноќ. Ова беше долго патување“, додаде тој.

Аплаузот се претвори во свирежи и негодување кога Виткоф ја истакна улогата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

- Само дозволете ми да ја завршам мислата, рече пратеникот, аргументирајќи дека израелскиот лидер „дал сè за својата земја.“

Многу роднини на израелските заложници во Газа го обвинуваат Нетанјаху дека не направил доволно за нивното ослободување во двете години по терористичките напади на 7 октомври 2023 година, во кои беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа киднапирани и одведени во Појасот Газа.

Кушнер и Иванка Трамп исто така им се обратија накратко на присутните и ја пофалија улогата на Виткоф во успешните преговори. „Беше чест да се работи со толку посебен човек“, изјави Кушнер.

Иванка Трамп додаде: „Претседателот ме замоли да ви пренесам – како што веќе им кажа на многумина од вас лично – дека ве гледа, ве слуша. Тој е со вас, секогаш“.

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од мировниот план на Трамп. Планот предвидува ослободување на 48-те преостанати заложници во појасот Газа и стотици палестински затвореници, што би можело да почне денеска. Израелската војска соопшти дека веќе се повлекла од делови на Појасот Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи.

Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста.

Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација.

Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.

Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДС молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија.

Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДС испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија.

Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси.

Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната.

Македонија нема да се повлекува и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

5,33 евра награда за килограм опасна уловената риба во Грција

5,33 евра грчката влада ќе им исплаќа на грчките рибари за уловен за килограм за морската риба Лагоцепахалус, позната како риба зајак.

5,33 евра награда за килограм опасна уловената риба во Грција

Рибата прави голема штета на рибарите, односно поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема. Рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното Море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири. Во наградата не се вклучени трошоците за ладење и уништување на рибите, што ќе ги покриваат локалните власти.

„Сакам да истакнам дека ова е првпат во Грција да се воведе ваква мерка, но ја спроведува министерството за земјоделство и храна во рамките на ограничените можности со кои располага. Мојата амбиција е оваа пилот-програма во иднина да се прошири и да ги опфати сите грчки мориња, во рамките на поширокиот еколошки пристап за заштита на морската средина“, објасни министерот за земјоделство Схинас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правда

Се финализираат измените на изборниот законик, а на вчерашната средба на работната група биле разгледани преостаните отворени прашања, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ и Одихр, информираа од министерството за правда.

Се финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правда

Членовите на работната група размениле мислења по доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус.

Политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура, информираа од правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер