3Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија
Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
1Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
СветАпелацискиот суд одлучи: Трамп не смее да им ја укине заштитата на 350.000 жители на ХаитиАпелацискиот суд на САД одби да ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да ја повлече законската заштита за повеќе од 350.000 Хаиќани .Апелацискиот суд на САД одби да ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да ја повлече законската заштита за повеќе од 350.000 Хаиќани што им дозволува да живеат и работат во САД и да избегнуваат враќање во нивната татковина преполна со банди. Трочник од судии на Федералниот апелационен суд за округот Колумбија вчера го отфрли, со гласови од два спрема еден, барањето на администрацијата да се одложи одлуката од 2 февруари со која се блокираше обидот на Министерството за внатрешна безбедност на САД да го одземе привремениот заштитен статус (TPS) за Хаити. TPS е хуманитарна програма што ги штити квалификуваните мигранти од депортација и им овозможува да работат. Процесот на жалба против одлуката на федералниот судија е во тек Под водство на секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, одделот го иницираше процесот на укинување на TPS за десетина земји како дел од построгата имиграциска акција на претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека програмата никогаш не била наменета како „де факто амнестија“. Администрацијата побара од апелациониот суд да го одложи извршувањето на одлуката на федералниот судија Ана Рејес од февруари додека трае жалбената постапка. Нејзината одлука беше донесена како дел од колективна тужба поднесена од Хаиќани за да се спречи министерството да ги подложи на депортација. Судијката Рејес утврди дека одлуката на Кристи Ноем од ноември да ја прекине правната заштита за Хаиќаните веројатно ги прекршила процедурите за прекинување на TPS, како и гаранцијата за еднаква заштита според Петтиот амандман од Уставот на САД. Администрацијата во својата жалба истакна дека Врховниот суд на САД веќе двапати ѝ дозволил да го поништи TPS за Венецуелците. Судијка назначена од Трамп не се согласува со мислењето Сепак, апелационите судии Флоренс Пан и Бред Гарсија, назначени од демократскиот претседател Џо Бајден, видоа разлика помеѓу случаите и заклучија дека граѓаните на Хаити испратени дома ќе бидат „изложени на насилство во услови на „колапс на владеењето на правото“ и ќе им биде одземен пристап до основна медицинска нега“. Апелациониот судија Џастин Вокер, назначен од Трамп, се спротивстави, велејќи дека овој случај и претходните случаи на Врховниот суд во кои се вклучени Венецуелци се „правен еквивалент на братски, ако не и идентични, близнаци“. Министерството за внатрешна безбедност не одговори на барањето за коментар. На Хаиќаните првпат им беше доделен TPS во 2010 година по катастрофалниот земјотрес. САД постојано го обновуваа тој статус, а последниот пат тоа го направи администрацијата на Бајден во јули 2024 година. Во тоа време, министерството ја наведе „истовремената економска, безбедносна, политичка и здравствена криза“ во Хаити, предизвикана од активноста на бандите и отсуството на функционална влада.Тагови: Доналд Трамп Хаити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката .Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во вечерашното Само Интервју.. Министерот за одбрана повика надлежните да ја истражат постапката..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателствоПремиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДеветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати. Персонализирана вакцина против рак Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа. Охрабрувачки резултати од мало истражување Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста. На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот. Потребна е претпазливост при толкувањето Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата. Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот. Предизвици во развојот на вакцините Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири. Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент. Безбедност и идни истражувања Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето. „Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.Тагови: вакцина рак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook