Апелационен суд Скопје: Досегашното постапување за случајот „ТНТ“ е согласно одредбите од ЗКП - Канал 5

Апелационен суд Скопје: Досегашното постапување за случајот „ТНТ“ е согласно одредбите од ЗКП

Во врска со наводите истакнати на прес конференција на Цаноски, Апелациониот суд Скопје, објави обемно соопштение во кое во детали го објаснува движењето на предметот ТНТ.

Апелационен суд Скопје: Досегашното постапување за случајот „ТНТ“ е согласно одредбите од ЗКП

Досегашното постапување од страна на Судечкиот совет е согласно одредбите од зкп и во овој момент, поради закажаната јавна седница, други детали за предметот не може да се изнесат во јавност.

Поради зголемен интерес на јавноста, Апелациониот суд Скопје ќе обезбеди услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите. – соопштуваат од апелација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

Денеска Собранието  на РМ  треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки.

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле, Гостивар.

На дневен ред се и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање на предлог на Владата, како и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање, предложен од пратениците Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири од Албанската Лига.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка, и за Предлог на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен

Се наѕира ли крајот на војната на Блискиот Исток која со месеци ги тресе светските  пазари  .По бројните средби и договарања САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен.

САД и Иран постигнаа договор, Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен

И САД и Иран соопштија дека постигнале договор кој треба да стапи во сила во петок, додека целосниот текст сè уште не е објавен. Американскиот Претседател Трамп изјави дека САД ќе ја укинат поморската блокада врз иранските пристаништа и дека Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен за меѓународен сообраќај по потпишувањето на договорот.и покрај оптимистичните најави, двете страни изнесоа различни ставови за следните чекори.

Заменик-министерот за надворешни работи на иран изјави дека новите преговори ќе започнат откако САД ќе ослободат милијарди долари замрзнати ирански средства, а американски претставници, пак, го отфрлија ова тврдење.Во меѓувреме, израел сè уште официјално не го коментираше договорот. Израелските сили претходно оваа недела извршија воздушни напади во бејрут, а претседателот Трамп го критикуваше израелскиот премиер бенјамин нетанјаху, нарекувајќи го „многу тежок човек“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце

Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце. Се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвориме нови можности за домашните компании.

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце

Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски в истакна дека станува збор за комплексен патен проект, чија вредност е проценета на околу 200 милиони евра.

„Прво ми е драго што ќе го почнеме овој проект. Се работи за еден од најфреквентните патишта, затоа што ова е спојка со Косово и со Црна Гора од една страна, а од друга страна во однос на бизнисот се отвораме уште кон едно пристаниште, а тоа е пристаништето во Бар, така што го кратиме многу патот“, изјави Николоски.

Според него, изградбата на автопатот Скопје-Блаце претставува сериозен инженерски зафат поради конфигурацијата на теренот и бројните инфраструктурни објекти што треба да се изградат.

„Проценетата вредност е некаде околу 200 милиони евра. Се работи за исклучително комплициран проект, со пет тунели, две галерии и 12 големи мостови. Драго што успеавме да го избереме ГРАНИТ како изведувач, за на тој начин да покажеме дека македонската оператива може да работи“, нагласи Николоски.

На прашањето дали избраниот конзорциум ќе може да ги исполни роковите за изградба, Николоски изрази целосна увереност, нагласувајќи дека постапката била спроведена според строгите правила на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

„Апсолутно, затоа што ние одевме според правилата на ЕБОР, кои што се многу строги на овој избор. Така што, ако ЕБОР од Лондон рече дека ова е во ред, значи е во ред“, изјави Николоски.

Осврнувајќи се на критиките од ДУИ дека проектот бил непотребно одложуван, министерот оцени дека причините за таквите реакции се поврзани со очекувањата за бизнис зделките на ДУИ за трасата на идниот автопат.

„Очигледно е дека се нашле како погодени, затоа што купуваа ниви на онаа траса која што тие мислеа дека ќе биде траса и мислеа дека експропријацијата ќе помине токму по тие ниви. За жал тоа нема да се случи, затоа што финалната траса не е баш таа која што ја замислуваа“, рече Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер