МакедонијаАпел за помош: 14- годишниот Марко Џољевски боледува од тумор на желудник, потребна е итна терапијаМајката на 14 годишниот Марко Џољевски бара помош за лекување на нејзиниот син во Турција.Марко веќе имал операции на желудникот, но сега е потребна нова терапија во Турција. Тој боледува од епилепсија, нарколепсија и апнеа и поради неговата состојба треба да замине итно на лекување во Турција за што се потребни 4.000 евра. Броевите за донации и донациската сметка се следните: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври Денес го одбележуваме 11 Октомври, Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја, симбол на храброста, непокорот и решителноста на народот да се избори за слобода, достоинство и сопствена иднина.Овој празник нè потсетува на вредностите врз кои се гради едно демократско и праведно општество, слободата, солидарноста, меѓусебното почитување и заедништвото. Тоа се вредности кои и денес треба да бидат наша водилка во градењето на државата и во создавањето подобра иднина за генерациите што доаѓаат. Наша обврска е со почит да го чуваме споменот на сите оние кои се бореле и се жртвувале за слободата, а нивната храброст да ја преточиме во одговорност, единство и посветеност кон демократскиот развој, владеењето на правото и европската иднина на нашата земја. Само преку заедништво, заемна почит и почитување на различностите можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво вреднуван и ќе има можност да придонесе кон заедничкиот напредок. Нека 11 Октомври биде потсетник дека слободата и достоинството се вредности што треба постојано да ги негуваме и браниме. На сите граѓани им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание, со желби за мир, благосостојба и просперитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. октомври 2026 година Дневен хороскоп за недела, 11. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Формата ви е одлична. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќње воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 8 Попова Шапка, Берово, 11 Маврови Анови, Крива Паланка, 12 Крушево, Струмица, Охрид, Претор, Прилеп, 14 Тетово, Куманово, Кавадарци, Скопје-Петровец, 10 15 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 16 Виница, Битола, 19 Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 13 Претор, 11 Охрид, 5 Попова Шапка, 4 Пожаране, 3 Маврови Анови, Крушево, 2 тетово, 1 Тополчани. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter