Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
2Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
Шоу бизАнтонио Бандерас се појави на гала вечера во Мадрид со својата 20 години помлада девојка (ФОТО)Антонио Бандерас (64) и неговата партнерка Никол Кимпел (43) биле на гала вечера на еден магазин во Мадрид.На црвениот тепих парот се појави во елегантна облека. Тие се држеа за раце и насмеано им позираа на фотографите. Двојката се запознале во 2014 година на Канскиот филмски фестивал. Во тоа време, Бандерас бил во процес на развод од актерката Мелани Грифит, со која ја има ќерката Стела. Тој официјално започна врска со Никол, банкарски консултант од Холандија, една година подоцна. Две години откако Бандерас и Грифит го финализираа разводот по речиси 20 години брак, актерот доживеа срцев удар. "По разводот бев збунет. Во исто време правев многу работи, се обидував да се заштитам и да најдам засолниште во работата. Снимав филмови еден по друг. Беше лудо. Срцето рече: " Полека, застани“, рече еднаш Бандерас. Тој рече дека неговиот инфаркт, за среќа, не бил сериозен и не предизвикал никаква штета, но поттикнат од непријатното искуство решил да ги промени работите. Сфатил, вели, дека ситуацијата можела да испадне поинаку, како и фактот дека не секој има привилегија да добие втора шанса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„WhatsApp“ воведува нова функција – контролирајте кој може да го види вашиот телефонски бројВо јуни, „WhatsApp“ воведе функција за корисничко име, а сега продолжува со дополнителни опции за контрола на приватноста.„WhatsApp“ ја лансираше функцијата за корисничко име со фокус на приватноста, овозможувајќи им на корисниците да комуницираат меѓусебно без да мораат да ги знаат телефонските броеви едни на други. Надоврзувајќи се на ова, платформата сега тестира функција која им дава на корисниците попрецизна контрола врз видливоста на нивните телефонски броеви, пренесува „GSMArena“. Оваа информација доаѓа од порталот „WABetaInfo“, кој забележа дека функцијата моментално е во фаза на развој во бета-верзијата на апликацијата „WhatsApp“ за „Android“ (верзија 2.26.45.1). Според порталот, новата функција за приватност на телефонските броеви нуди четири опции: „Сите“, „Мои контакти“, „Мои контакти, освен...“ и „Никој“. Овие опции им овозможуваат на корисниците да одлучат кој може да ги гледа нивните телефонски броеви за време на повици и во разговори. Извор: Б92Тагови: WhatsApp Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШест лица уапсени по пукањето во Краков: Го величале напаѓачотШест лица се приведени по масовното пукање на Главниот плоштад во Краков. Меѓу приведените има пет полски државјани и еден државјанин на Украина, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Каролина Галецка, апсењата уследиле по откривањето на содржини на интернет кои би можеле да укажуваат на закана за други лица. Полицијата истражува можни „имитатори“ на напаѓачот, кој усмрти шест лица. По нападот што се случи во саботата во центарот на Краков, органите на редот спроведуваат операции низ целата земја. Централното биро за борба против сајбер-криминалот приведе шест лица на возраст меѓу 15 и 36 години. „По нападот во Краков, Централното биро за борба против сајбер-криминалот и полицијата остануваат крајно будни во однос на можни имитатори“, нагласи Галецка. Портпаролката објасни дека полициските службеници, меѓу другото, анализирале објави во кои се величало злосторството извршено во Краков од страна на Михал Оксињски. Полицијата следи не само јавно достапни содржини на социјалните мрежи, туку и информации што се појавуваат на „darknet“ – дел од интернетот достапен само преку специјализиран софтвер. Според Централното биро за борба против сајбер-криминалот, приведените признале дека објавувале лажни информации. Некои од нив своите постапки ги оправдале тврдејќи дека „само се шегувале“, додека властите допрва треба да утврдат дали приведените планирале нов напад, пренесе „Newsmax Polska“. Лажни вести се шират по пукањето По нападот во Краков, интернетот беше преплавен со лажни вести. Полицијата предупреди дека некои од лицата кои стојат зад овие објави се обиделе да ги искористат драматичните настани за да стекнат популарност на социјалните мрежи. Заменик-премиерот Кшиштоф Гавковски изјави дека лажни информации за нападот почнале да кружат само неколку минути по инцидентот. Гавковски додаде дека надлежните органи утврдиле вмешаност на руски ботови и тролови во ширењето на лажни информации поврзани со нападот. На 7 ноември, напаѓачот – 24-годишниот Михал Оксињски – со автомобил влегол на Главниот плоштад во Краков и почнал да пука кон случајни минувачи. Шест лица загинаа, додека 15 повредени се задржани во болница – меѓу нив и двајца полицајци, од кои едниот, според информациите, е во тешка состојба. Во домот на напаѓачот беа пронајдени уште три тела, за кои се верува дека се на неговите родители и сестра. Напаѓачот беше ранет за време на полициска интервенција и почина рано утринава во болница во Краков. Истрагата за нападот продолжува, и покрај смртта на сторителот. Обвинителството ги одзеде неговите телефони и електронска опрема. Меѓу другото, во моментов се испитуваат и мотивите на напаѓачот. Извор: Б92Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44