Антикорупциска отвори предмет за продажбата на земјиште во Центар за 7 евра - Канал 5

Антикорупциска отвори предмет за продажбата на земјиште во Центар за 7 евра

Антикорупциска ќе проверува како била спроведена приватизацијата на државното земјиште спроти поранешна НИП Нова Македонија за само 7 евра од квадрат.

Антикорупциска отвори предмет за продажбата на земјиште во Центар за 7 евра

Оттаму за Канал 5 потврдија дека ќе се чешла целата постапка - како фирмата на бизнисменот и екс пратеник Фатмир Етеми легализирала дивоградба до стекнувањето на право на сопственост на уште една парцела. А по два дена молк, министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за УБ тврдеше дека за приватизацијата на атрактивното земјиште по евтина цена разбрал од медиумите. Иако вели дека цената е дискутабилна сепак признава дека Етеми ја искористил Уредбата од 2011 која и до денеска останала на сила.

-Се работи за постапка за приватизација според Закон за приватизација и Уредба за цените каде одлучува Управата за имотно правни работи како орган. За жал таа Уредба е останата од 2011 и тука констатацијата е дека треба да се менува. Очигледно тоа се користи. Државниот правобранител оценува дали има потреба да реагира или не. Ова треба да се смени, навистина е дискутабилна цена за државно земјиште. Набргу ќе се смени оваа уредба и ова ќе биде последен случај што по оваа цена е дадена. – Фатмир Бесими – Министер за финансии.

Вчера и од СДСМ преку соопштение тврдеа дека цената од 438 денари за метар квадратен е утврдена во Уредбата потпишана од тогашниот премиер Никола Груевски, но не образложија зошто и до денеска не е променета или укината. Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар алармираат дека не само што се работи за уште еден случај на отуѓување на државно земјиште по евтина цена, туку и дека парцелата е приватизирана со се улица.

-Ова е еден од случаите на распродажба на необновлив ресурс на општината по багателна цена. Луѓето во зградите кај оваа локација спроти Нова Македонија не биле информирани дека оваа парцела ќе биде приватизирана. Парцелата која е приватизирана, во моментов таму има дел од улица, значи дека направена е постапка на приватизација на улица за да се дооформи градежна парцела и таму да никне објект. – Јасна Белчева Андреевска – Шанса за Центар.

Сега Етеми бара спојување на парцелите, за таму да никне деловен објект, а според негова изјава – станува збор за изградба на деловна зграда на 15 ката, со градинка. Дали О. Центар ќе го прифати барањето засега не откриваат, додека за опозициската ВМРО ДПМНЕ објаснувањата на власта не држат.

-Петта година СДСМ се на власт, ако сметале дека законските решенија не се соодветни, не се добри, а вчера се произнесоа дека не биле соодветни, можеле да извршат измени на законите и да доведат до нивно подобрување. Меѓутоа пет години тие не го сториле тоа. Паралелно Општина Центар можела да го промени ДУП-от на оваа локација, но и тоа не го направиле, така да тие изговори паѓаат во вода. – Синиша Ивановски – ВМРО ДПМНЕ.

Постапката за отуѓување на државното земјиште Етеми ја почнал пред две години. Врз основа на имот на една парцела му било дозволено да се стекне со право на друга парцела, односно Министерството за финансии дозволило приватизацијата на тоа државно земјиште.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Скопјанец кој има воспаление на мозокот се бори за живот и е на респиратор откако го каснал домашен заразен комерец со западно нилска треска, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Седумдесет и шестгодишникот не патувал никаде, а и најголем дел од хоспитализираните кај кои е потврден вирусот „западен нил“ кој не се пренесува од човек на човек, а посериозните симтоми што се аларм да се побара медицинска помош се висока температура, силна главоболка, конфузност и агитираност. Засега во болница со потврдена западно-нилска треска и воспаление на мозокот има петмина над 60 годишна возраст, а за тројца други, кои исто така имаат невроинвазивна форма на инфекцијата се чека лабораториска потврда.

Здравствените власти велат дека годинава досега има 8 потврдени случаи, од кои само еден е поврзан со патување во Грција, а другите, сите се над 60 години и се смета дека се локални случаи, односно болеста се пренела од заразени комарци во Македонија.

Болеста најчесто минува со благи симптоми, а може да не даде и никакви, но кај постари лица ретко предизвикува тешки невролошки компликации.

За зачестениот број на случаи и на западна нилска треска, но и досегашните случаи на маларија, денга и зика во Македонија, кои се пренесуваат преку комарци и најчесто „ги увезуваме“ со патувањата на Малдиви и Занзибар се состана и Комисијата за заштита од заразни болести.

Препораките се насочени кон заштита од убоди од комарци – употреба на спреј и соодветна облека. За лицата кои патуваат делови од Африка и региони околу Индискиот Океан, се препорачува навремена консултација со лекар и, доколку е потребно, земање профилакса за маларија, иако во моментов таа не е достапна во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Се смирува акутната фаза на епидемијата во Гостивар, здравствените власти во засилен надзор

Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, но матичните лекари да  се фокусираат на дијагностицирање на заразните болести кои можат да се појават на опашката на епидемијата како Хепатит А и Хепатит Е, посочи министерот.

Клековски: Се смирува акутната фаза на епидемијата во Гостивар, здравствените власти во засилен надзор

Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, но матичните лекари да се фокусираат на дијагностицирање на заразните болести кои можат да се појават на опашката на епидемијата како Хепатит А и Хепатит Е, посочи министерот за здравство Сашо Клековски. Тој дополни дека вкупно досега има 4303 заболени лица, а во последното деноноќие има 109 новопријавени пациенти за кои се уште се прават епидемиолошките анкети дали нивните симптоми се поврзани со епидемијата или пак се работи за редовни состојби.

-Во врска со тој засилен здравствен надзор ќе бидат испратени соодветни упатства до Центарот за јавно здравје, до здравствените установи, до матичните лекари а ќе бидат дадени насоки за комуникација со населението. Клучно е да има рано препознавање за да можеме да реагираме соодветно, а здравствените установи се веќе подготвени во смисла на капацитет за тестирање,- -Сашо Клековски, министер за здравство.

Клековски вели дека паралелно со справување со епидемијата се работи и на анализа на системот за одговор на заразни болести,а со тоа ќе се анализира како се реагирало во Гостивар по што ќе се утврди и дали се потфрлило во одговорноста.

-Стандардот за Гостивар за јули е 25 пријави во извештаи за заразни болести. Во петокот мислам дека биле 19 поднесени. Во тој момент, спрема стандардите на законот не постоеле услови да се прогласи епидемија. // Ќе ги земеме во предвид сите дијагнози кои се слични на гастроентероколит и ќе ги објавиме тие податоци дали имало основа некој да реагира. Ако се покаже дека имало основа да се реагира, сите вклучително и јас ќе поднесеме одговорност,- -Сашо Клековски, министер за здравство.

На темата здравствена криза во гостивар се огласија и од сдсм. Преку партиско соопштение од соопштија потсетуваат дека нивниот претседател Филипче веќе предупредил за опасноста од појава на жолтица во градот, а алармот кај надлежните, според нив, се вклучил доцна.

-(Клековски) сега признава појава на жолтица. Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза. Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација. Прво ја доведоа до оваа точка. Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар.-СДСМ.

Инаку, освен за развојот на тековната епидемија, министерот најави и податоци за како што рече, неразјаснета епидемија во Гостивар во 2017та, бидејќи во овој град , како што изјави Клековски, вакви состојби се случуваат периодично а повеќе не смеат да се повторат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар забраната за користење на водата за пиење сè уште останува во сила.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

Надлежните апелираат граѓаните и понатаму да не ја користат водата за пиење и подготовка на храна, сè додека официјално не биде потврдено дека е здравствено исправна. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска кажа дека ограничувањето ќе биде укинато само кога ќе се добијат три последователни исправни лабораториски анализи, со кои ќе се потврди дека водата е безбедна за употреба. До тогаш, продолжува земањето мостри и контролите на водоводната мрежа.

Крушево пак денеска ја укина забраната за пиење вода, откако последните анализи покажале исправност на водата. Последните испитувања покажале дека водата од градскиот водовод ги исполнува условите за безбедна употреба.

-После шест мостри во два дена по три беа здравствено исправни и безбедни, исто така последната од 24.07 се здравствено исправни и безбедни за користење како вода за пиење. Од наша страна е известено ЈКП и надлежните од АХВ кои имаме информации дека веќе се излезени на терен да ја согледаат состојбата и најверојатно врз основа на резултатите и нивното мислење стручно, ќе биде повелечена забраната и ќе биде дозволена за пиење водата за град Крушево- изјави – Д-р Петар Оханесјан – ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп.

Надлежните апелираат да не се користи за пиење водата од јавните и крајпатните чешми во крушево кои не се под надлежност на јавното водостопанство и каде не се врши редовна дезинфекција бидејќи испитувањата покажале дека најголем дел од нив се бактериолошки неисправни.

Од СДСМ пак и денеска побараа одговорност за состојбата со водата во Гостивар. Обвинија дека сè уште нема официјален потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода. Од партијата тврдат и дека проблеми со квалитетот на водата има и во други населени места.

-Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја,- изјава – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ.

Во тетовското село Лешок и понатаму водата не смее да се користи за пиење освен за техничка употреба. Таму решение за проблемот кој трае подолго време бара и месната заедница.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер