Антикорупциска: Одлуката за разрешувањето на претседателката Татјана Димитровска е на Собранието - Канал 5

Антикорупциска: Одлуката за разрешувањето на претседателката Татјана Димитровска е на Собранието

Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието на Република Македонија, согласно Законот за спречување на корупцијата.

Антикорупциска: Одлуката за разрешувањето на претседателката Татјана Димитровска е на Собранието

Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието на Република Македонија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Комисијата.

- Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, велат од ДКСК.

Сепак, како што се посочува во соопштението, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија од ДКСК ценат дека е исклучително важно Комисијата да функционира во полн состав.

Од ДКСК информираат дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг.

Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година.

Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели.

Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето.

Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој..

„Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година.

„Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче се скри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка

Манасиевски: Филипче се скри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка

Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка.

Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал.

Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Ширеа паника и хистерија дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари, па откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина.

Почитувани граѓани,

Ниту банка ќе пропадне, ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило. Тоа беше во времето на СДС. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, додека Филипче и СДС се на страната на криминалот.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби животот, се сериозни предупредувања дека насилството врз жените бара бескомпромисен одговор.

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби животот, се сериозни предупредувања дека насилството врз жените бара бескомпромисен институционален одговор.

Министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, најостро го осудува секој облик на насилство врз жените, нагласувајќи дека нема оправдување за насилството, нема простор за релативизирање и нема толеранција за обиди за прикривање или влијание врз постапките.

Министерот очекува сите надлежни институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да постапуваат професионално, навремено, неселективно и со целосна одговорност. Полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, без привилегии и без двојни стандарди. Секое евентуално пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност.

Државата има законска обврска и правни механизми да ги заштити жртвите и да ги санкционира сторителите. Со новиот Кривичен законик дополнително се зајакнува кривичноправната заштита од семејно и родово базирано насилство. Предвидени се затворски казни за потешките облици на насилство, а за определени кривични дела во контекст на семејно и родово базирано насилство се предвидува гонење по службена должност, без товарот на постапката да се префрла врз жртвата.

Но, законите не смеат да останат само напишани одредби. Тие мора доследно да се применуваат. Секоја пријава мора да се сфати сериозно, секој ризик мора навреме да се препознае и секоја жртва мора да добие соодветна заштита.

Ниту една жена не смее да живее во страв. Ниту една девојка не смее да се прашува дали државата ќе ја заштити. Ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив.

Заштитата на жртвите мора да биде приоритет, законот мора да важи еднакво за сите, а одговорноста да биде правило, а не исклучок.

Насилството мора да запре, институциите мора да постапуваат, а одговорност мора да има!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер