Антиќ и Георгиевски членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа

Со одлука на Централниот борд на ФИБА, односно на ФИБА Европа, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски станаа членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа.

- Ова е уште една потврда плус за успешната работа на нашата федерација од страна на светската кошаркарска организација. Првиот човек на македонската кошарка е назначен за член на комисијата за натпревари на светската кошаркарска организација, додека пак првиот оперативец во македонската кошаркарска федерација е дел од натпреварувачката комисија на ФИБА Европа. Натпреварувачката комисија на ФИБА ќе биде составена од четири поткомисии (машки репрезентации, женски национални тимови, младински репрезентации и клупски натпревари),соопштија од КФСМ.

Комисиите на ФИБА имаат мандат од четири години.

Илон Маск против новиот закон за трансродови лица во Калифорнија

 Американскиот милијардер Илон Маск најави дека ќе го пресели седиштето на двете негови фирми - компанијата за вселенски ракети, „Спејс-Икс“ и платформата „Икс“, од Калифорнија во Тексас.

Сѐ тоа, откако гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом потпиша Нацрт-закон со којшто се спречува училиштата да бараат од нивниот персонал да ги известува родителите чии деца покажуваат знаци дека се трансродови или да споделуваат информации за нивната сексуална ориентација. Законот беше изготвен како одговор на најмалку седум училишни одбори во Калифорнија кои донесоа правила за наставниците да мораат да им кажат на родителите дали нивното дете почнува да користи име или заменка што не одговара на нивниот пол.

„Ова е последната капка. Поради овој закон и многу други што му претходеа, а коишто го напаѓаат семејството и бизнисот, ‘Спејс-Икс’ сега ќе го премести своето седиште од Хоторн, Калифорнија, во Старбејс, Тексас“, напиша Маск во своја објава.

Објаснувајќи ја одлуката да го пресели „Икс“, пак, во градот Остин, Маск истакна дека „му се смачило од избегнување на бандите насилни зависници од дрога кои влегуваат и излегуваат од зградата“ во Сан Франциско.

Бизнисменот го пресели седиштето на „Тесла“ во Тексас во 2021 година, наводно, поради воведувањето карантин во корона-пандемијата.

Инаку, Маск често се вклучува во американската политика. Во текот на викендов, тој јавно го поддржа Доналд Трамп за претседател на САД.

Инаку, еден од најпознатите милијардери во САД има трансродова ќерка и во една прилика изјави дека „ги поддржува транс-луѓето“, но изрази негодување за употребата на различните заменки, нарекувајќи ги „естетски кошмар“. Минатата година тој најави дека ќе лобира за криминализирање на медицинскиот третман на трансродовите лица, што ќе доведе до, како што рече - „тешки, неповратни промени кај децата под возраста за согласност“.

Прашањето за тоа што училиштата треба да им кажат на родителите за родовиот идентитет на нивните деца стана важно прашање во американското општество. Некои тврдат дека учениците имаат право на приватност, додека други веруваат дека родителите имаат право да знаат што се случува со нивните деца. /МИА

Димитриеска Кочоска: Поддршката од 250 милиони евра ќе ја добијат фирми кои ќе инвестираат

 Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. 

За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој.

Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.

-Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,... на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

Прво согледување на функционалните анализи од институциите, па одлука за минималната плата

Институциите се задолжени да достават функционална анализа врз основа на која ќе се согледаат состојбите и паралелно ќе се одлучува што ќе се прави со минималната плата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали Владата најде средства за зголемување на минималната плата, министерката истакна дека секако требаше да има корекција на платата на адмнистрација и таа е предвидена во Буџетот.

Димитриеска Кочоска не кажа кога може да се очекува средба со синдикатите кои бараат да бидат повикани во Владата во првите 100 дена.

-Побаравме функционална анализа во делот на јавната администрација, ги задолживме институциите да достават функционална анализа. Прво да видиме што се случува таму и паралелкно ќе се види што ќе се прави со минималната плата. Како и да е, требаше да има корекција на плата на адмнистрацијата и таа е предвидена во Буџетот. Законски имаат право на корекција и таа корекција според законото, ако инлфацијата е над три отсто, разликата меѓу реалната инфлација и тие над три отсто им се додава, чинам беше 0,7 проценти зголемување на платите согласно Законот за јавниот сектор, објасни Димитриеска Кочоска.

НБА може да започне со истражување на можностите за проширување

НБА наскоро може да почне да работи на проширување.

Лигата има за цел да го реши ова прашање откако ги заврши преговорите за правата на медиумите. За време на прес-конференцијата на Адам Силвер во вторникот во Лас Вегас, комесарот се осврна на темата и ги потврди плановите на НБА да истражува додавање нови франшизи оваа есен.

-Сè уште не завршивме со нашите медиумски договори, но штом ќе завршиме, ќе го разгледаме проширувањето, рече Силвер.

Сиетл и Лас Вегас се сметаат за приоритетни опции за можно проширување на НБА.

притисни ентер