Анкета: Сопствениците на БМВ се најлоши возачи

Истражувањето направено во Британија откри кои се сопствениците , за кои другите возачи сметаат дека се најлоши во сообраќајот.

Како што пренесува Телеграф, сопствениците на возилата на БМВ се оценети како најлоши возачи, а 80 проценти од анкетираните изјавиле дека очекуваат од сопствениците на БМВ агресивно да возат. 34 проценти се изјасниле дека никогаш нема да се дружат со лице кое вози германски автомобил.

И голем број на пребарувања на Google за возачи на модели на BMW вклучуваат прашања како што се „зошто од возачите на BMW не се очекува да користат трепкач“ и „зошто сопствениците на BMW се однесуваат ужасно“.

Втори на листат на најомразени возачи се сопственици на возилата „Форд“, а 75 проценти од анкетираните изјавиле дека не ги сакаат сопствениците на оваа американска марка.

Сопствениците на возила Ауди се најдоа на третото место, а 50 проценти од анкетираните изјавиле дека не ги сакаат.

Од целото истражување, 71 процент изјавиле дека сметаат дека сопствениците на Ауди возат премногу брзо, додека 14 проценти никогаш нема да бидат во контакт со некој што вози автомобил од овој бренд. Најчестите пребарувања на „Гугл“ вклучуваат прашања како „зошто возачите на Ауди се толку лоши“ и „зошто возачите на Ауди се толку арогантни“.

На удар се и сопствениците на возилата Фолксваген, при што 60% од испитаниците рекле дека сметаат дека се лоши возачи, додека 32% сметаат дека нивните сопственици возат премногу брзо. Седум проценти се изјасниле дека никогаш нема да бидат во врска со некој што вози Фолксваген.

Возачите на автомобили „Тојота“ се сметаа за „најпријателски“, но 10 проценти рекле дека возат премногу бавно.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

притисни ентер