Лефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода
1Лефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода
СветАнкета: Повеќето Германци се сомневаат дека средбата Трамп-Путин може да доведе до договор за УкраинаПовеќето Германци се скептични во врска со утрешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во американската држава Алјаска, според анкета нарачана од германскиот јавен радиодифузер ЗДФ, објави ДПА.Само 13 проценти од анкетираните веруваат дека Трамп ќе успее да постигне прекин на огнот во војната во Украина на состанокот, додека 84 проценти се скептични во врска со таков исход. Само 14 проценти од испитаниците веруваат дека Путин има искрен интерес за склучување траен прекин на огнот, додека 82 проценти не веруваат дека е тоа случај. Покрај тоа, девет од десет испитаници веруваат дека директното учество на Украина е од суштинско значење за постигнување траен прекин на огнот. Германците се поделени по прашањето за евентуални територијални отстапки на Украина кон Русија. Околу 42 проценти од испитаниците ја поддржуваат идејата дека Киев треба да се откаже од дел од територијата што моментално е под руска контрола доколку се стави крај на конфликтот, додека 45 проценти веруваат дека Украина треба да продолжи да се бори за да ја врати контролата врз окупираните области. Анкетата беше спроведена преку телефон и онлајн меѓу 1.370 случајно избрани возрасни лица со право на глас помеѓу 11 и 13 август. Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПортугалија ги забранува бурките на јавни места. Казни до 3.000 евраПортугалија усвои закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а за прекршување на одредбите се предвидени парични казни кои се движат од 150 до 3.000 евра.Новите прописи – кои локалните медиуми ги нарекоа „закон за бурка“ – забрануваат носење облека што го крие лицето или оневозможува идентификација, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Законот исто така забранува принудување на други лица да го покриваат лицето врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за централен елемент на човечкиот идентитет и комуникацијата“, изјави португалскиот претседател Антонио Хозе Сегуро, признавајќи дека ова прашање вклучува „голема општествена и културна чувствителност“. Исклучоци од забраната се предвидени за покривање на лицето од здравствени, професионални или уметнички причини, како и поради временските услови. Забраната не важи ниту за верски објекти, дипломатски претставништва или воздухоплови. Законот беше усвоен во парламентот во јули со поддршка на владејачката десничарска коалиција и екстремно десничарските партии, додека левичарските партии гласаа против него. Предлогот, поднесен од десничарската партија „Чега“, наиде на негативни мислења од Португалската адвокатска комора, Високиот совет на Јавното обвинителство и Португалското здружение на адвокатки. Експертите исто така изразија загриженост дека законот би можел да биде неуставен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаЛефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство, не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. Обвинителството мора да постапи и да даде одговор на следните прашања: Зошто со години граѓаните не биле известувани дека водата која ја користеле за пиење не била безбедна? Зошто со години не биле преземени чекори за санација на овој проблем? Зошто надлежните институции предводени од тогашната власт на СДС не постапувале по добиените извештаи? Зошто Филипче како министер за здравство молчел и не постапувал? Граѓаните заслужуваат конечно да видат правда од страна на судско-обвинителскиот систем во државата. Доста беше штитење на поранешните функционери на СДС, поради нивната блискост со одредени поединци од правосудниот систем во државата. Бараме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи постапувањата на Филипче и тогашната власт на СДС. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Невреме во делови од Германија, една жена загинаЕдна жена загина, а друга се здоби со тешки повреди откако врз нив падна дрво за време на силно невреме, кое во текот на ноќта предизвика и големи штети во делови од Германија, соопшти полицијата.Двете жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф, во западната покраина Рајнска област-Пфалц, на околу 50 километри јужно од Келн. Како што се приближувало невремето, тие побарале засолниште под еден летен павилјон. Невремето откорнало дрво во близина и го соборило, при што тоа ги удрило двете жени. 58 годишната жена почина на самото место, соопшти портпарол на полицијата, додека 47-годишна жена со сериозни повреди е пренесена во болница. Невремето оштети десетици куќи и урна дрвја во делови од западна и централна Германија. Според извештајот на противпожарната служба, во градот Вецлар, во сојузната покраина Хесен, оштетени се околу 60 куќи, додека неколку домови во блискиот град Золмс станале неупотребливи за живеење. Die Videos sind nicht von mir und wurden vsl. in Hessen bei Oberndorf bei Siegbach aufgenommen.#unwetter #gewitter #tornado #hessen pic.twitter.com/gwZfLM7jYj — Jonas Sanoj (@JonasHe996) August 19, 2026 Полицијата наведува дека штетата можеби е предизвикана од виор. Инциденти поврзани со невремето се пријавени и во сојузните покраини Тирингија, Бранденбург и Баварија. Полицијата во Баварија соопшти дека паднати дрвја оштетиле неколку возила, но немало повредени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook