Анкета на ЗСМ: 46 отсто од студентите на УКИМ земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар

Четириесет и шест отсто од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар.

38 отсто од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип, покажуваат резултатите од последното анкетно истражување што во изминатите два месеци го спроведе Здружението на студенти по медицина (ЗСМ).

Од Здружението соопштија дека по повод одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (од 18 до 24 ноември) спровеле анкетно истражување во изминатите два месеци со цел добивање на информации околу степенот на познавањата на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје за правилната употреба на антибиотиците и појавата на антибиотската резистенција. Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници.

СДСМ: Институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци

Мицкоски да не се плаши од пописот, при таква статистичка операција нема губитници

Оваа пролет, институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

Законот за попис на населението кој е во собраниска процедура гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни.

Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година.

Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, во која нема губитници и победници.

Доста се неразумни блокади, кочења, поларизација, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис.

Центар за комуникации СДСМ

ВМРО ДПМНЕ: Власта го лаже народот и два месеца тврди дека обезбедила вакцини

Владата, Заев, Филипче и СДСМ го лажат народот и два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини

Ако Филипче и Заев два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини зошто во Македонија не виде јавноста ниедна вакцина и зошто не е почната имунизацијата на граѓаните?

Зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини?

Како успеаја Албанија и Србија да набават вакцини, а Заев и Филипче не успеаја да набават?

Каде се вакцините од Бугарија кои Филипче ги најавуваше? Каде се вакцините кои Грција требаше да ги набави за нас, за кои говореше Заев?

СДСМ, Филипче и Заев лажат, но тоа не е најстрашно. Најстрашно е што поради тоа што лажат и се неодговорни луѓе се разболуваат и умираат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле" во Охрид" поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. 

Една од опциите за надминување на состојбата е да се овозможи систематско тестирање на патниците на аеродромите, што го иницирал кај Владата аеродромскиот оператор.

-Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија. Скопскиот и охридскиот аеродром беа затворени за сообраќај на патници цели 3,5 месеци – од средината на март 2020 година до 1. јули 2020 година. По повторното отворање, се соочивме со забрана за патување во ЕУ/Шенген за македонските граѓани. Тоа резултираше со намалување на бројот на патници за 71 процент за целата 2020 година (јануари-декември 2020) или од 2.677.618 патници на двата македонски аеродрома во 2019 година, 2020 година ја завршивме со вкупно 782.876 патници, изјавија за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на аеродрмите во државава.

Најголемата пречка за закрепнување на македонскиот воздушен сообраќај е забраната за патување поради КОВИД-19 воведена од земјите на ЕУ/Шенген за носителите на македонски пасош. Додека не се отстранат тие ограничувања и луѓето не почнат слободно да патуваат од туристички причини како што правеа претходно, велат од ТАВ Македонија, ќе се соочуваме со тешкотии.

-Една од опциите за надминување на оваа состојба е иницијативата што ѝ ја предложивме на Владата на Република Северна Македонија – систематско тестирање за КОВИД-19 на аеродромите во Скопје и Охрид, што доколку биде прифатено од ЕУ, треба да овозможи слободен влез на македонските граѓани во земјите на ЕУ каде е концентриран над 77 проценти од македонскиот воздушен сообраќај, наведуваат од ТАВ Македонија.

За време на оваа пандемија, појаснуваат, авиокомпаниите брзо и постојано го менуваат распоредот на летовите. Тие најавуваат одреден лет, но подоцна можат да го откажат, во зависност од правилата за патување на владите воведени поради КОВИД-19.

Од Меѓународниот Аеродром Скопје има 20 редовни авиолинии, до дестинациите: Белград, Загреб, Истанбул, Виена, Цирих, Киев, Берлин, Базел, Келн, Дортмунд, Ајндховен, Фридришахафен, Минхен (Меминген), Гетеборг, Хамбург, Малме , Франкфурт, Лондон, Брисел и Стокхолм.

Други дестинации, како на пример, Париз, Нирнберг, Баден-Баден, Турку, Копенхаген, беа функционални во одредени периоди, а сега се паузирани, сè додека авиокомпаниите повторно не ги отпочнат. Од аеродромот во Скопје летаат авиокомпаниите: Туркиш ерлајнс, Виз ер, Аустриан ерлајнс, Ер Србија, Кроација ерлајнс, Виндроуз ерлајнс, Еделвајс и Чер ерлајнс.

Од аеродромот во Охрид согласно зимскиот распоред на летови сега има летови до три дестинации – Базел, Дортмунд и Цирих, на кои летаат Визер и Чер ерлајнс.

Од ТАВ Македонија се надеваат дека со летниот распоред на летови во 2021 година, кој почнува на крајот од март, дел од другите дестинации и од Скопје и од Охрид, кои беа прекинати со почетокот на ковид-кризата, ќе бидат обновени.

Пред почетокот на кризата аеродормскиот оператор најави дополнителни вложувања во аеродормите во Скопје и во Охрид. Договорените специјални проекти дефинирани од Владата, како што велат од ТАВ Македонија се приоритетни точки. Ќе бидат реализирани согласно поврзаните аеродромски проекти. Од временски аспект, информираат, нивната реализација ќе биде во линија на закрепнувањето на авиосообраќајот од КОВИД-19./МИА

притисни ентер