Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето - Канал 5

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето

 Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. 

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето

Повеќе од 63 отсто од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6 отсто спијат помалку од 5 часа, додека 22,8 отсто спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета спроведена од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во периодот од 2 до 6 март 2026 година, на која одговориле 491 испитаници. Анкетата е спроведена по повод месец март, кој Европското здружение за истражување на спиењето го има прогласено за месец за подигнување на свеста за спиењето, под мотото „Спиј добро, живеј подобро“.

Според резултатите од анкетата, 44,6 отсто од испитаниците би сакале повеќе информации или стручна поддршка за подобрување на квалитетот на спиењето, а речиси ист е процентот (42,2 отсто) на испитаници кои се изјасниле дека само понекогаш се чувствуваат одморено кога ќе се разбудат. Третина од испитаниците се изјасниле дека се чувствуваат одморено, а 24 отсто ретко се чувствуваат одморено по будењето. Најголем процент од испитаниците сметаат дека сонот влијае врз нивното расположение (71 отсто), концентрација (64 отсто) и работна ефикасност (63,3 отсто).

Како што информираат од Клиниката за психијатрија, овие резултати укажуваат на тоа дека голем дел од граѓаните се соочуваат со проблеми во овој сегмент и имаат потреба од повеќе информации и стручна поддршка за подобрување на спиењето.

Иницијативата има за цел да ги охрабри сите индивидуи и здравствени работници да му дадат приоритет на здравјето на спиењето, а Универзитетската клиника за психијатрија се приклучила кон оваа иницијатива, преку едукација на граѓаните и нудење помош за подобрување на квалитетот на спиењето.

-Целта е да се укаже на важноста на спиењето во однос на здравјето како општа благосостојба, да се укаже на последиците од недоволно спиење и да се зборува и за растројствата на спиење и начините на лекување. Недостигот на спиење наредниот ден ги нарушува нашите егзекутивни финкзии, намалена е концентрацијата, забавен е мисловниот процес и успорена е психомоториката, па често може да се погреши во проценката на одредена ситуација (возење, управување со машина и др.). Секако дека сите овие состојби, ако се долготрајни, како хронична несоница или потешкотии со заспивање и одржување на спиењето можат да доведат и до анксиозни состојби, па дури и до депресија, вели проф. д-р Ненси Манушева од Универзитетската клиника за психијатрија.

Фокусот на Европското здружение за истражување на сонот годинава е ставен на промовирање здрави навики за спиење кај децата, имајќи предвид дека спиењето е основа за правилен раст, учење и емоционална благосостојба. Со оглед на сè поголемите предизвици како што се прекумерната стимулација, нередовниот дневен распоред и користењето екрани во вечерните часови, иницијативата има за цел да ги охрабри и поддржи семејствата, наставниците и здравствените работници да му дадат приоритет на здравјето на детскиот спиењето.

Според проф. д-р Стојан Бајрактаров од Универзитетската клиника за психијатрија, спиењето не е само одмор, туку основа на физички развој, когнитивно созревање и емоционална регулација кај децата.

-За време на спиењето, мозокот ги консолидира новите знаења, се лачат хормони клучни за растот, а нервниот систем се обновува. Но, не е важно само колку детето спие, туку и кога и како. Истражувањата покажуваат дека децата со конзистентни рутини пред спиење имаат подобар квалитет на сон, повисока емоционална стабилност и подобри резултати во учењето. Рутината - читање, тивок разговор, намалување на стимулации, му сигнализира на мозокот дека е време за одмор. Кога децата спијат добро, тие растат, учат и напредуваат. Здравиот сон не треба да е привилегија, туку инвестиција во здравјето и иднината на децата, вели проф. д-р Бајрактаров.

Како дел од европскиот месец за подигнување на свеста за спиењето, денеска се одржува „Ден во пижами“ (Pyjama Day), иницијатива која ги повикува учесниците да одат во пижами на работа, на училиште или на локални настани. Овој неформален пристап испраќа пораката дека спиењето е основа за здравјето и благосостојбата, а подобрувањето на навиките за спиење носи придобивки за сите - и за децата и за возрасните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

-6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm)

42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер