Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
СветАнкета на ЈуГов: Реформската партија на Најџел Фараж е најсилната во Велика БританијаСпоред најновата анкета на јавното мислење спроведена од британската агенција ЈуГов (YouGov), доколку се одржат општи избори оваа година, Реформската партија на Најџел Фараж би освоила најмногу места во Долниот дом на британскиот парламент.Според резултатите од анкетата, Реформската партија би освоила 271 место, додека Лабуристите би освоиле 178 места, што е значителен пад во споредба со 411 минатата година. Конзервативците, попознати како Ториевци, би паднале на четвртото место со само 46 пратеници, по нив следуваат Либералните демократи, кои би го зголемиле бројот на места од 72 на 81, според резултатите од анкетата објавени денеска од Скај Њуз. Шкотската национална партија (СНП) би ја задржала својата позиција како најголема партија во Шкотска, додека Зелената партија на Англија и Велс и Плаид Кимру (Plaid Cymru) - Партијата на Велс би освоиле по седум места (по три места повеќе). Можна опција би била сојуз на Реформската партија и Конзервативците со 317 места, ист број како и владата на Тереза Меј во 2017 година, со поддршка на Северноирската демократска унионистичка партија. Заедничкиот резултат на Лабуристите и Конзервативците е само 41 процент поддршка, додека минатата година беше 59 проценти, што укажува на длабока фрагментација на гласачкото тело. Според резултатите, кога ќе се распределат гласовите, 26 проценти би отишле кај Реформската партија на Фараж, 23 проценти кај Лабуристите и 18 проценти кај Конзервативците. Кога станува збор за помалите партии, Либералните демократи би добиле 15 проценти од гласовите, Зелените 11 проценти, Шкотската национална партија три проценти, а Велшката партија еден процент од гласовите. Во дури 99 проценти од симулациите, Реформската партија би била прва, додека ситуацијата без парламентарно мнозинство би се повторила во околу 97 проценти од случаите. Само во девет проценти од сценаријата, Реформската партија и Конзервативците заедно формираат влада, додека веројатноста за коалиција на Лабуристите и Либералните демократи е минимална. Долниот дом е еден од двата дома на британскиот парламент и е главното законодавно тело во Обединетото Кралство, каде што седат избраните пратеници кои донесуваат закони, го одобруваат буџетот и ја надгледуваат работата на владата. Долниот дом има 650 членови, секој пратеник претставува една изборна единица, а за парламентарно мнозинство се потребни најмалку 326 пратеници.Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани. При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападотПо вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба. Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook