Анкета: ЕПП останува водечка партија во ЕУ пред СД, либералите паѓаат на петтата позиција - Канал 5

Анкета: ЕПП останува водечка партија во ЕУ пред СД, либералите паѓаат на петтата позиција

Десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) на изборите за членови во Европскиот парламент закажани во јуни се очекува да постигне сличен резултат како и на евроизборите во 2019 година и да освои 181 мандат.

Анкета: ЕПП останува водечка партија во ЕУ пред СД, либералите паѓаат на петтата позиција

Десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) на изборите за членови во Европскиот парламент закажани во јуни се очекува да постигне сличен резултат како и на евроизборите во 2019 година и да освои 181 мандат, додека левоцентристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) би загубила 14 места и би се свела на 140 европратеници, покажуваат резултатите од најновата анкета на јавното мислење во ЕУ спроведена од Јуроп Елект на крајот на февруари.

Според оваа анкета, многу е можно ЕПП да оствари подобри изборни резултати од СД во Романија и Португалија, кои досега важеа за упоришта на социјалдемократите, а либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) би паднала на петтото место според бројот на освоени мандати, потисната од десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Во Романија, владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) би загубила две места, кои би преминале на контото на членката на ЕПП, Националната либерална партија (ПНЛ), со што двете партии би освоиле по 10 европратеници. Веднаш зад нив со осум мандати е членката на ЕЦР, националистичката и деснопопулистичка Алијанса за сојуз на Романците (АУР).

Слична е состојбата и во Португалија, каде владејачката Социјалистичка партија (ПС) од редовите на СД и членката на ЕПП, Социјалдемократската партија (ПСД) би освоиле по седум места. На изборите во 2019, ПС освои девет европратеници, а ПСД седум.

Но, пред евроизборите на Португалија в недела и претстојат предвремени национални парламентарни избори на кои се очекува победа на опозицискиот блок Демократска алијанса, предводен од ПСД. Лидерот на ПС, Педро Нуњес Сантош најави дека доколку неговата партија не победи на изборите, подготвена е да поддржи формирање малцинска влада предводена од ПСД со цел да се избегне евентуално здружување на сојузот на партиите од десниот центар со екстремно десничарската партија Доста е! (Чега). Според анкетата на Јуроп Елект, Чега би освоила пет европратеници, но развојот на настаните по парламентарните избори би можел да доведе до промена на расположението на гласачите до јуни.

Предвремените избори во Португалија, организирани нешто повеќе од две години по претходните, следуваат по корупцискиот скандал што доведе до пад на социјалистичката Влада на Антонио Коста, кој дотогаш важеше за фаворит на европските социјалдемократи за една од водечките функции во ЕУ, при што првенствено се споменуваше местото претседател на Европскиот совет.

Други позначајни измени на кои укажува анкетата на Јуроп Елект, е предвиденото губење на три места од страна на водечката партија во ЕПП, германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), а добивање на два мандати за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД), со што двете партии би освоиле по 20 места во Европарламентот. Две места би загубиле и германските Зелени сведувајќи се на 11 мандати, како и новата левичарска Партија на Сара Вагенкнехт, која би освоила пет европратеници. Од друга страна два мандати плус би добила Партијата за заштита на животните, со што би имала тројца европратеници.

[Христијанско - демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска одлучи дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе го избира својот нов претседател.]

Во Холандија, екстремно десничарската Партија на слободата (ПВВ) би загубила три мандата и би паднала на девет пратеници, а од друга страна раст на популарноста бележи членката на ЕПП, Христијанскиот демократски повик (ЦДА), која од еден европратеник на претходното истражување, сега би освоила тројца.

Анкетата укажува и на продолжување на падот на популарноста на партиите членки на РЕ, првенствено на италијанската Акција, која би паднала под изборниот праг, со што либералната група, според ова истражување, би освоила 81 европратеник или два помалку од ЕЦР, која со 83 мандати би станала четврта политичка сила во Европарламентот, зад ЕПП, СД и екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД), која би имала 92 места.

Натаму следат, групата на Зелените со 49 мандати, пред партијата Левица со 45, додека останатите 44 места би им припаднале на партии кои сега не се членки на ниту една од постојните групации, меѓу кои и се и италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), поранешната членка на ЕПП, Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан и двете словачки партии исклучени од СД, Насока – социјална демократија (Смер-СД) на премиерот Роберт Фицо и Глас - социјална демократија (Хлас) на претседателот на Парламентот, Петер Пелегрини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Најплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години.

Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели.

На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег.

Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание.

Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува

Легендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.

Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил  бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува.

Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син.

Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена.

Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема.

Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства.

Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод.

За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх.

Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

Општина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

Герасимовски: Санација на покривот на  „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег.

По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето.

Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер