Англичанец го прекршил ветувањето дека нема да го продава дресот на Марадона- ќе добие милиони - Канал 5

Англичанец го прекршил ветувањето дека нема да го продава дресот на Марадона- ќе добие милиони

Дресот што го носела аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона кога постигна гол против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година ќе биде понуден на аукција од Сотби.

Англичанец го прекршил ветувањето дека нема да го продава дресот на Марадона- ќе добие милиони

Од таму се надеваат дека ќе го продадат за повеќе од 5 милиони долари, по две години од неговата смрт.

Повеќе од 35 години, сопственикот на овој син дрес со број 10 е поранешниот играч за врска на англиската репрезентација Стив Хоџ, кој на крајот од тој натпревар го заменил дресот со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето со 2-1 е една од најконтроверзните во историјата на Светските првенства, токму поради голот што го постигна Марадона, со рака.

Поранешниот англиски фудбалер, кој ја наслови својата автобиографија „Човекот со маицата на Марадона“, му го доверил дресот на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за да биде изложен таму и вети по смртта на Марадона дека предметот нема да биде на продажба бидејќи има „неверојатни сентиментални вредност“. Но, се чини дека се предомислил.

Во соопштението на Sotheby's за објавување на продажбата, Стив Хоџ рече дека е „уверен дека новиот сопственик ќе биде многу горд што поседува „дрес кој има длабоко културно значење за фудбалскиот свет, аргентинскиот и англискиот народ“.

Sotheby’s, кој ќе го изложува во своите простории во Лондон за време на онлајн продажбата (од 20 април до 4 мај), поставиле почетна цена од четири милиони фунти, што е повеќе од 5,2 милиони долари.

Таа сума е нешто под рекордните 5,6 милиони долари, за кои во 2019 година дресот на американската безбол легенда Бејб Рут од Њујорк Јенкис. Минатата година, дресот што го носеше црната ѕвезда на Бруклин Доџерс, Џеки Робинсон беше продаден за 4,2 милиони долари.

На стадионот Ацтека во Мексико Сити на 22 јуни 1986 година се одигра четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во кој се сретнаа Аргентина и Англија. Марадона откако ја сврте топката кон својот гол од Хоџ, го престигна голманот на Англија, Шилтон и со крената рака над глава ја префрли топката над чуварот на мрежата. „Божја рака“, ќе рече Марадона по средбата.

Четири минути подоцна Марадона постигна уште еден гол, овојпат регуларен. Тој ја однесе топката во сопствената половина од теренот, а потоа во трката стигна до англискиот шеснаесетник, го заобиколи голманот и погоди за 2:0. Линекер на самиот крај успеа да намали на 2:1, а Аргентина потоа отиде по својата втора светска титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер