Анѓушев: Наш таргет не се инвеститори кои бараат евтина работна сила, туку компании со повисок степен на технолошки развој

Анѓушев пред дипломатите ги објасни измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и можностите на програмата за добивање на финансиска помош од државата.

Почесните конзули преку својата економска дипломатија може да помогнат во привлекување кредибилни инвеститори во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, гасоводна дистрибутивна мрежа, голем откупен центар на земјоделски производи, како и компании кои вработуваат високо технолошки кадри за задржување на младите и извезување на готови производи.

Ова го порача вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори Кочо Анѓушев зборувајќи за можностите за поефикасно спроведување на економската дипломатија од страна на почесните конзули во делот на индустријата и странските инвестиции, во рамки на дводневната конференција на почесни конзули на Република Македонија акредитирани во странство.

Анѓушев пред дипломатите ги објасни измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и можностите на програмата за добивање на финансиска помош од државата.

– По овој закон имаме потпишано 30 договори со компании од САД, Германија, Швајцарија и други развиени земји, кои препознале дека нашите услови се конкурентни во регионот, рече Анѓушев.

Тој посочи дека програмата важи за сите инвеститори и внатре и надвор од индустриските зони и дека секоја направена инвестиција може да конкурира за поврат до 10 проценти или еден милион евра од инвестицијата, како и за поврат од 30 преоцент на инвестицијата во развоен центар.

– Се градат голем број компании како резултат на поддршката. Сите сектори се важни, но ако направиме анализа, растот на БДП е врз растот на индустриското производство. Очекуваме овој тренд на раст да продолжи. Ние проектираме раст од над три проценти. Имаме сериозен раст на бруто инвестициите и растот на економијата во моментот е генериран од приватниот сектор и индустријата, изјави Анѓушев.

Наш таргет, нагласи тој, не се инвеститори кои ќе бараат евтина работна сила, туку компании кои се од повисок степен на технолошки развој.

– Не е важно да вработуваат по четири пет илјади работници, поважно е да вработуваат високо технолошки кадар и да бидат со 300, 400, 500 вработени, каде дозволуваат платите да бидат над просекот во државата. Целта е да ги задржиме младите. Наместо да извезуваме луѓе во другите држави, ние да извезуваме готов производ, изјави Анѓушев.

Освен привлекување инвестции, важно е и промоција на нашите домашни компании да ги освојат и успеат на странските пазари.

– Земјоделските производи во нашата држава се конкурентни, но проблем е што нема голем организиран откупен центар. Доколку можете би било добро да има иницијатива од ваша страна за некој средно голем синџир маркети, што ќе направи откупен центар, изјави Анѓушев.

По официјалниот дел на конференцијата, почесните конзули ќе имаат работна посета на Технолошката индустриска развојна зона во Бунарџик, како и посета на градовите Штип, Струмица и Кавадарци, со цел запознавање со проектите и капацитетите за инвестиции и соработка кои ги нудат овие градови.

Конференцијата со почесните конзули е во рамките на активностите за поефикасно реализирање на целите на економската дипломатија на Министерството за надворешни работи и има за цел да се воспостави подобра комуникација и координација на Почесните конзули со институциите во Република Македонија, како и да се запознаат со економските политики на земјата, особено во делот на зајакнување на економската и трговската соработка со странските држави. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер