Анѓушев: Економските политики даваат резултати, 235 милиони евра странски инвестицио во првиот квартал и намалена невработеност

Заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, во емисијата Топ тема ги објасни со бројки и аргументи владините мерки за економски раст. 

Тој ги изнесе аргументите за економскиот раст кои зборуваат за 0,1 отсто раст на БДП. Земјоделството порасна за 6,5%, индустријата 5,5%, трговијата на големо 10% и многу други гранки се пораснати, освен градежништвото, и тоа високоградбата е порасната за 2%, а нискоградбата е падната за 38%.

Вицепремиерот ги изнесе и разликите во економските политики и односот кон економијата на сегашната и претходната влада.

- Ако зборуваме за раст во парични средства, Македонија во првиот квартал има раст од 4,8% во 2018 наспроти првиот квартал од 2017 година. Бројките кажуваат дека знаеме што правиме, со каков ризик влеговме за да ја санираме ситуацијата и знаеме како бројките да ги направиме подобри, но на една домаќинска основа. Сигурно нема да изградиме нови фасади и споменици за да ги подобриме бројките. Ние правиме економски оправдани проекти. Ако прашањето е дали ќе трчаме по реализација по секоја цена или по домаќинско работење. Оваа влада, заедно со премиерот и економскиот тим го одбра и ќе оди по вториот пат, којшто е потежок но ќе даде подобри резултати на долг рок“, истакна Анѓушев.

Анѓушев ги изнесе, каком што наведе, несоодветните политики на претходната влада и негативните ефекти што ги имаа врз економијата.

- Ако како политика се креираат вештачки фирми кои се политички поддржани, како што беше практика на претходната влада, се прават две штети, едната е создавање нелојална конкуренција за реалните фирми, а другата е откако ќе заврши политичкиот чадор, тие фирми што се политички поддржани и ќе пропаднат, појасни вицепремиерот за различниот пристап во економските политики на оваа и претходната влада.

За мерките за економски раст појасни дека сега имаме закон и методологија за поттикнување на инвестициите, односно кој инвестирал тој ќе биде помогнат, кој вработил луѓе и дал плата повеќе, тој ќе биде помогнат. Но, тоа се прави по јасни критериуми.

- Останатите бројки кажуваат многу позитивни индикатори, паричните текови се зголемени за 4,8%, во првиот квартал од 2018 наспроти истиот период 2017 година. Даноците се зголемени во своето собирање, а за невработеноста сега на крајот од овој квартал е на најниско ниво од 21,6% а претходниот квартал бил 21,9%. Бројот на невработени бил 213 000, а сега има 206 000. Притоа никој се уште не добил соодветна помош, значи законот за финансиска помош допрва треба да ги даде своите резултати. Првиот квартал по основ на странски инвестиции е 235 милиони евра, наспроти мината година кога бил помалку, или тој поедноставно тоа е најголем износ од кој било квартал од 2007 година па досега, истакна Анѓушев.

Тоа, според него, се аргументи и бројки кои кажуваат каде е насочена оваа политика и кон каде ќе се движи владата.

- Мора да престанеме да бидеме дестинација каде вработените ќе работат за 9000 денари, наша цел е и за тоа имаме дизајнирано мерки, Македонија да ја претставиме како земја каде што работат млади и паметни луѓе и за тоа ќе земаат адекватни плати, заклучи Анѓушев./МИА

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми.

Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција.

Како што се наведува, лекарскиот тим одлучил да изврши лекарски прегледи за да се утврди здравствената состојба на саудискиот крал, но не се соопштуваат детали. Саудискиот монарх беше примен во болница на лекарски прегледи во април, а подоцна беше отпуштен.

Тој е на власт од 2015 година, но се верува дека неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман е задолжен за секојдневните државни работи./МИА

Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.

Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Дваесет лица загинаа во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Дваесет лица загинаа пред да зазори во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, уништен за време на војната, соопштија од болницата Ал Акса и потврдија очевидци.

„Примивме 20 убиени луѓе и неколку ранети откако израелски воздушен напад беше насочен кон куќа на семејството Хасан во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа“, се вели во соопштението на болницата.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции.

Очевидци велат дека се слушнале експлозии и дека борбите во Џабалија траеле цела ноќ./МИА

притисни ентер