Анѓушев, Царовска и Адеми по швајцарско искуство за стручно образование и обука

Швајцарскиот систем за учење преку работа, кој се спроведува преку 15 години денеска во Берн им беше презентиран на вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование, Арбр Адеми.

Анѓушев, Царовска и Адеми на покана на Владата на Швајцарија се во работна посета на Берн за да ги слушнат швајцарските искуства за стручното образование и обука.

Како што соопшти владината прес-служба, работната посета на Швајцарија владината делегација ја започна со средба со Швајцарскиот федерален институт за стручно образование и обука (SFIVET- Swiss Federal Institut for Vocational Education and Training) и средба со Државниот секретаријат за истражување и иновации во образованието (SERI- State Secretariat for Education, Research and Innovation).

Вицепремиерот Анѓушев и министрите Царовска и Адеми се согласиле дека Швајцарија е една од земјите лидери во оваа област и токму затоа оваа работна посета е особено значајна бидејќи може да се осознаат сите аспекти на организацијата на учењето преку работа, вклучувајќи ја и организацијата на образовниот процес, учеството на државата и компаниите во истиот, финансирањето и други аспекти.

Вицепремиерот Анѓушев за време на средбите истакнал дека Република Северна Македонија има намера да го прилагоди системот за учење преку работа на свои потреби и дека швајцарското искуство ќе биде од особено значење со оглед на тоа дека оваа активност во Швајцарија се спроведува речиси две децении.

-Швајцарскиот модел за учење преку работа е многу успешен и се имплементира речиси две децении. За нас ќе биде од голема корист да ги согледаме сите аспекти како тој се применува. Осознавме дека овој процес е личен избор на секој од учениците и дека постои голем интерес кај самите ученици. Нашите планови се системот за образование да го развиеме за потребите на стопанството, да им дадеме квалитетно стручно образование на младите луѓе со што ќе обезбедат квалитетни работни места. Разбираме дека ќе биде потребно време, но овој процес мора да отпочне бидејќи нема развој на економијата без соодветен развој на човечкиот капитал, потенцирал Анѓушев.

Министерката Царовска нагласила дека со Законот за практиканство се овозможува поголема вклученост на млади луѓе во работата на компаниите, но и дека се работи на нов Закон за работни односи со кој ќе се овозможи поголема вклученост на младите лица од средното образование, во производствените активности на компаниите.

-Инвестираме многу во раниот детски развој, кој е основата за понатамошно образование. Сакаме да ги запазиме сите аспекти за да овозможиме поголема вклученост на младите лица во работа, а притоа истите да бидат соодветно социјално заштитени и вклучени во пазарот на трудот. Преку оваа работна посета ќе добиеме искуства од една од најразвиените економски земји во светот, како што е Швајцарија, а потоа истите ќе ги моделираме за нашите потреби, посочила Царовска.

Министерот Адеми истакнал дека се прават интензивни подготовки за измена на законите со коишто ќе се овозможи практична работа на учениците од средното образование за што би биле платени, но и засилување на капацитетите на средните технички училишта и техничките универзитети.

-Веќе спроведуваме пилот програма во неколку средни училишта и во соработка со неколку компании за примена на т.н. дуално образование. Воочуваме позитивни аспекти од оваа пилот програма и сакаме во најбрз можен рок, ако е можно и наредната училишна година да ги примениме во сите средни технички училишта низ земјата. Дополнително ги зајакнуваме капацитетите на средни технички училишта и техничките факултети затоа што реално тие произведуваат кадар кој е потребен на стопанството, посочил Адеми.

Во попладневните часови, владината делегација ќе се сретне и со заменикот државен секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг, со која ќе разговараат за унапредување на соработката на Република Северна Македонија и Швајцарија.

Јованчев: Време е новите политички сили да влезат во Собранието

„Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив“

Ако го погледнете самиот изборен процес е наместен „пата-пата“ за да може една од двете поголеми Македонски партии да биде уценувана. Двојните избори и самото тоа што изборите се во среда, неработен ден за администрацијата од таму ја црпи гласачката војска и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои ќе се „судрат“ а за работниците е препорачлив неработен ден, што значи добар дел од приватните компании ќе работат. Тоа е изборен менаџмент од странски центар за да можат да продолжат досегашните политики, а Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив. На овие избори е правиот момент новите политички сили да влезат во Собранието за да може преку новиот меѓународен поредок да си го вратиме и името и да се избориме со криминалот и корупцијата, рече Зоран Јованчев во Само Вистина.

Белорусија ќе настапи на Олимпијадата без знаме и химна- Лукашенко со порака: Претепајте ги

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимпијадата во Париз под неутрален статус да ги победат своите противници.

„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, претепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко, цитиран во соопштението за медиумите.

За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство. "Спортистот треба да избере. Ако одлучи да учествува на Олимпијадата, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот. Вие сте Белоруси и кога сте победници, тоа е добар начин да ги удриме политички“.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи го мирното масовно движење во 2020 година, нарекувајќи ги „стаорци“.

Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската војска за да може да ја нападне Украина од север. Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

Огненовски: Обединување со народот, не со партии што учествувале во штетни процеси за државата

„Изборниот законик е криминален, донесен нелегално во Собранието“

Кандидатите што влегоа во втор круг за претседателски избори не се квалитетни, доаѓаат од две криминални и злосторнички здуженија, двете партии 33 години ја уништуваат државата и не работат за добро на народот. Сите политички партии треба да имаат исто право за учество на Претседателските избори, итна промена на законот и да нема лимит дека треба да се соберат десет илјади потписи. Изборниот законик е криминален, донесен нелегално во Собранието. Да се обединиме со народот, не со партиите што учествувале во штетни процеси за државата, за жал такви партии што не учествувале во криминалот се многу малку, рече Јорго Огненовски во Само Вистина.

притисни ентер