Ангеловски: Лично се познавав со Панче Жежовски, мравка не би згазил

Ако некој започнал потрага по некој човек, зарем нема да проверите дали имал автомибил, да не случајно отишол во некоја провалија?

Утрово со мака ја гледав прес конференцијата на министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител и една реченица не ми е јасна, дека ако некој започнал потрага по некој човек, зарем нема да проверите дали имал автомибил, да не случајно отишол во некоја провалија. Затоа постои МВР да истражи, ете тоа е нефункционалната држава, зарем некој треба да пријави дека го нема автомобилот на човек што е исчезнат? Нефункционирањето на системот доведе над 50 камери во центарот на Скопје, да се проверуваат неколку дена до расветлување, и јавниот обвинител се обиде да каже дека поради гласноста на јавноста девојчето било чувано и убиено само по 2 часа, но гласноста на јавноста ќе јави многу подоцна. Можеби тие осомничени не се извршители, нешто е матно, единствено е да побараме да почне да функционира системот во државата. Да посакаме прво да ја вратиме емпатијата меѓу луѓето, да посакаме да ги вратиме вистинските вредности, не може еден турбо фолк изведувач да биде поценет од еден академик. Денешните изнесени информации беа изнесени само колку да се каже нешто. Лично се познавав со Панче Жежовски, татко ми му беше ментор, криво ми е, ми прати порака дека сака да се видиме. Ги чувам пораките и доколку некој од МВР сака и е заинтересиран може и да ги добие. Тој бараше да се видиме и да се приклучи на МААК зошто со страшни зброви пишуваше за некои луѓе од партијата во која бил до тогаш, за проневери за пари, но не би сакал да верувам дека има врска со ова што се случи. Тој беше исклучително добар човек, не би стапнал ни на мравка, рече Страшо Ангеловски во вечерашната Само Вистина.

Османи: Стоиме со семејствата на жртвите и со целиот народ на Македонија во ова тешко време

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи.

Таа изрази сочувство и во името на косовскиот народ велејќи дека се со семејствата на жртвите и со целиот народ на Македонија во ова тешко време.

- Вие сте во нашите мисли и молитви, напиша Османи

Незапаметена трагедија во Кочани: 59 лице загинаа, а 155 се повредени во пожар во дискотека

Според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата.

-Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата, изјави Тошковски.

Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.

Во „Св.Наум Охридски" се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.  

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски"-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години.

- Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Информира дека степенот на изгорениците се од седум до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.

Пациентите и семејствата на повредените пациенти го посети и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази сочувство и побрзо оздравување. Се заблагодари на целиот медицински тим за брзата реакција.

притисни ентер