Ангеловска-Бежоска: За побрз раст на малите економии неопходни се поголем извоз и интеграција во меѓународната економија

И во текот на ковид-кризата, извозниот сектор е клучен за економијата. 

Искуствата покажуваат дека за побрза реална конверегенција, за малите и отворени економии се неопходни забрзување на извозот и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија, истакнува гувернерката на народната банка Анита Ангеловска-Бежоска .

Посочувајќи дека не треба да ги изумиме долгорочните, фундаментални фактори на нашиот економски раст и конвергенцијата на доходот, гувернерката нагласува дека за мала, отворена економија како нашата е неопходно натамошно забрзување на извозот и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија заради остварување на конвергенцијата на доходот.

–На ова поле, во периодот пред пандемијата имавме значителен напредок, како резултат на зголемените странски инвестиции, особено во автомобилската индустрија, што ја поврзаа нашата економија со германските синџири на производство и истовремено придонесоа за зголемување на надворешната трговија, особено извозот. Со тоа се зајакнаа врските со европската економија, но и придонесот на извозот за растот на БДП, наведува Ангеловска-Бежоска.

Меѓународните искуства покажуваат дека трговската и финансиска интеграција можат позитивно да влијаат на доходот преку неколку канали: подобрување на продуктивноста и конкурентноста на економијата, диверзификација на економската и извозната структура, а со тоа и диверзификација на ризиците, повисоко ниво на софистицираност на извозот, односно на додадена вредност, како и постабилно финансирање на растот преку странските директни инвестиции.

Оттаму, како што порачува Ангеловска Бежоска, неопходен е фокус не само на краткорочните предизвици, туку и на структурните реформи коишто ќе го зголемат извозниот потенцијал на нашата економија на долг рок, како значајна детерминанта на реалната конвергенција.

Таа истакнува и дека особено на долг рок, важно е што на средината на јули, лидерите на ЕУ постигнаа договор за заедничко позајмување на 750 милијарди евра како одговор на пандемијата, од кои 390 милијарди ќе се користат како грантови и 360 милијарди како кредити, како и договор за наредниот седумгодишен буџет на ЕУ од малку над еден билион евра.

–Позитивните реакции од страна на пазарите укажуваат дека овој пакет ќе има силен ефект за надминување на последиците од пандемијата и закрепнување на европската економија, што индиректно ќе се одрази поволно и на нашиот економски раст, со оглед на силните економски врски, констатира Ангеловска-Бежоска.

Во текстот, таа се осврнува и на досегашните и очекуваните ефекти од ковид-кризата врз извозниот сектор, како и значењето на работата на извозните компании за економијата.

Имајќи го предвид големото значење на извозниот сектор за македонската економија, како од аспект на надворешната позиција на економијата, така и во контекст на постигнувањето повисоки стапки на долгорочен, одржлив економски раст, Народната банка постојано го поддржува работењето на извозните компании преку конкретни нестандардни мерки.

–Уште позначајно е тоа што овие мерки не се нови и не се исклучиво поврзани со актуелната состојба со ковид-19. Имено, почнувајќи уште од јануари 2013 година, Народната банка направи промени во инструментот за задолжителната резерва, односно ја намали основата за задолжителната резерва на банките за износот на новоодобрени кредити на компаниите коишто се нето-извозници и на компаниите од енергетскиот сектор. Оваа нестандардна мерка, којашто беше активна сѐ до декември 2019 година, имаше за цел да обезбеди намалување на цената на кредитите одобрени на овие компании, како и зголемување на обемот на кредитната поддршка за овие значајни сектори од економијата. Имено, на крајот на 2019 година, состојбата на одобрените кредити кон системски значајните сектори изнесуваше 13 милијарди и 484 милиони денари, при што вкупно ослободената ликвидност по овој основ изнесуваше милијарда и 79 милиони денари, истакнува Ангеловска-Бежоска.

И мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата се однесуваат и на компаниите во извозниот сектор, којшто беше помеѓу првите сектори кои беа погодени од кризата. Со помош на преземените мерки, кредитниот раст и во овие кризни услови се одржа на солидно ниво, а податоците се и над очекувања согласно со последните априлски проекции. Ова, потсетуваат од централната банка, не беше случај во периодот на економската и финансиската криза, кога во текот на 2009 година дојде до значително забавување на кредитниот раст.

Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.

Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.

Чави останува на клупата на Барселона до крајот на договорот, јуни 2025 година

Шпанската легенда Чави ќе остане тренер на фудбалерите на европскиот гигант Барселона до јуни 2025 година.

Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, ќе остане во каталонскиот клуб до крајот на договорот, односно до јуни 2025 година, јавуваат шпанските медиуми.

Чави во јануари годинава објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави одлучил да остане во клубот до крајот на договорот за време на денешниот разговор со претседателот на Барселона Жоан Лапорте и спортскиот директор Деко.

Чави наводно ги прифатил условите на челниците на Барселона на средбата со клупските челници, а каталонскиот клуб во наредниот период треба официјално да ги соопшти деталите од договорот.

44 годишниот Чави ја презеде Барселона во 2021 година. Каталонскиот клуб е на второто место во поредокот во Ла Лига со 11 бодови помалку од првопласираниот Реал.

Николоски од Подгорица: Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

  Економското приближување на земјите од Западен Балкан до ЕУ е вистинската формула за остварување на нашата заедничка цел како регион - полноправно членство во ЕУ. 

Имплементацијата на реформите се вистинскиот чекор, а тие чекори се поттикнати и со новиот План за раст на Западен Балкан на кој интензивно работиме и од двете страни и земјите од регионот и ЕУ, порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски кој во Подгорица учествува на состанокот на министри од регионот и претстаници од ЕУ посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

- Ваквиот регионален формат на состанување, кој е трет посветен на Планот за раст, претставува ефикасен модел за забрзување на реформската агенда. Реформската агенда во РС Македонија е веќе усвоена од страна на Владата и испратена во ЕК. Она што е важно е да дадеме поттик во остварување на тие реформски процеси и да го забрзаме нивното спроведување. Тоа ќе биде нашиот вистински пат за да стигнеме до ЕУ, истакнал заменик-министерот Николоски.

Како што соопшти Министерството за финансии, на регионалниот состанок Николовски се осврнал на конкретните активности што ги презема Владата во однос на пристапувањето на земјата кон СЕПА регионот и унапредување на зелените коридори.

- РС Македонија изрази подготвеност да ги исполни критериумите за блиски економски и правни односи со ЕУ и подготвеност да врши платни трансакции во евра преку пристапувањето во СЕПА. Тоа од причина што ќе придонесе за отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Барањето е подготвено и се очекува да се поднесе апликацијата до средината на оваа година, нагласил Николоски.

Тој додал дека дополнителни придобивки се очекуваат и од унапредувањето на зелените коридори кои беа воспоставени за време на ковид-кризата.

- Постојните зелени ленти веќе придонесоа за намалување на времето на чекање на граничните премини, а со нивното натамошно проширување, ќе се обезбедат непрекинати синџири на снабдување и засилена трговија, што ќе го направи регионот поатрактивен за инвеститорите Со нивното проширување ќе се вклучат повеќе видови стоки коишто ќе бидат опфатени со зелените коридори, како и гранични премини меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, рекол заменик-министерот за финансии.

Притоа посочил на поддршката што ЕУ ја дава во областа на царината, како и на посветеноста на Владата во спроведување на националните реформи во оваа област. Тој нагласил дека понатамошното унапредување на царинската соработка треба да се фокусира не само на олеснување на трговијата, туку и на заштита на финансиските интереси и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, како и на безбедноста граѓаните.

Ова е трет министерски состанок посветен на Планот за раст. Првиот се одржа во Скопје, вториот во Тирана и на денешниот состанок домаќин е Подгорица.

притисни ентер