Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
1Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
МакедонијаАнгелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шумиВо моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми. -Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје, рече Ангелов. Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор. Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЗдравјеСтручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижнаНема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија. По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија. Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата. Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски. Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧленството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица? Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот. Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз. Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ. Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ. Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето. Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија. Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашањаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата. Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците. И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00