Ангелов: Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа.

Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма", изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на општина Штип.

Од Министерството за надворешни работи исто таканајавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма", близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.

Артета губи уште еден клучен играч

Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба е уште еден клучен играч за „топџиите“ кој заработи повреда. 

Французинот го пропушти натпреварот против Астон Вила поради истегнување, а на негово место во центарот на одбраната стартуваше Јирген Тимбер.

Сепак, сега е јасно дека тој ќе биде надвор од терените околу две недели.

Според „Мирор“, Салиба најверојатно нема да игра на три натпревари - двата во Лигата на шампионите, кои се против Динамо Загреб и Џирона, како и гостувањето кај Вулверхемптон во Премиер лигата.

Планот е да биде достапен за дербито со Манчестер Сити на 2 февруари.

По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е многу загрижен поради повредата на Салиба. Тогаш Шпанецот се уште немаше информации колку точно ќе отсуствува еден од столбовите на одбраната на тимот.

Сега, сепак, вестите не изгледаат толку лоши како што беа во случаите на Букајо Сака и Габриел Жесус.

Почина момчето кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Кисела Вода

Почина 17-годишното момче од скопско Волково, кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода на 16 јануари, потврдија од Клинички центар.

Пред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. Тогаш, девојката преживеа, но имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото и помина месец дена на лекување во болница.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжи да се гради силен спортски систем, без корупција и без манипулации

Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност. 

Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители.

Прво, ги прашуваме:

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа?

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа?

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка.

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот.

СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни:

- Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки.

- Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија.

Спортот нема да биде ваш политички заложник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер