Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
МакедонијаАнгелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин. - Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Ангелов синоќа во гостување на телевизија Телма. За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата. - Во овој момент во државата постојат Републички сили за заштита и спасување или тим за заштита и спасување кои што се составени од тим за брз одговор. Во овој момент, најслично име што ќе го носи оваа единица е специјален тим за брз одговор. Сега работиме на прилагодување на одредбите, но и тоа бара време. Не заборавајте дека еден и пол месец сум директор. Направив 100 промени за овој месец и пол, истакна Ангелов. Негова цел, како што кажа, е да се формира специјална единица за заштита и спасување за која, како што рече, е цврсто решен да ја направи. - Ние имаме резервен состав на противпожарни сили, ако можам да кажам, тоа се доброволните противпожарни друштва кои што имаат извонредни припадници, но тие не се професионални пожарникари. Се ангажираат претежно летно време за гаснење на исклучиво шумски пожари и пожари на отворен простор, но, не гледам причина овие луѓе да бидат ангажирани за гаснење на урбани пожари, со мала дообука, иако, според мене, не им е потребна, рече Ангелов.Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧленството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица? Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот. Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз. Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ. Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ. Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето. Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија. Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашањаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата. Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците. И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗР со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени местаСо помалку од половина од предвидениот број инспектори, Државниот пазарен инспекторат во 2024 година извршил над 28 илјади контроли.Од 313 предвидени инспекторски места, пополнети биле само 148, 5 одделенија биле без раководител, а во одделението за безбедност на производи имало само 5 од потребните 14 вработени. Ова се дел од наодите на Државниот завод за ревизија за работењето на ДПИ во 2024 година. Според извештајот на ДЗР истата година 19 административци биле незаконски прераспределени како инспектори без буџет и план за вработување, од кои 17 решенија подоцна биле поништени. Ревизијата утврдила и слабости во дигитализацијата поради нецелосна примена на системот „Е-инспектор“ и отсуство на електронска база за проценка на ризик. Дополнително, констатирани биле неправилности и во финансиите меѓу кои изоставени набавки од над два милиони денари во материјалната евиденција. -За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија препорачува зајакнување на човечките ресурси, целосна дигитализација и воспоставување електронски регистри, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, обезбедување простор за одземените предмети и трајни услови за контрола на безбедноста на производите. – препорачуваат од Држаниот завод за резивија. Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски нагласува дека за надминување на утврдените слабости се работи од почетокот на 2025 година. Според Стојкоски минатата година биле реализирани 18 нови вработувања, а до крајот на годинава добиле согласност од Министерството за финансии за уште над 30, главно за Скопје и источниот дел од земјава. Паралелно, уверува дека се работи и на подобрување и на материјалната и финансиската евиденција, како и на дигитализацијата. -Имавме и нови вработувања во 2025, а планирани се и во тековнава 2026 и 2027 година. Во делот на дигитализацијата, ДПИ со поддршка на Европската Унија работи на целосно ново системско софтверско решение, компатибилно за потребите на Инспекторатот. Институцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на капацитетите за контрола и обезбедување услови за континуирани лабораториски испитувања. Државниот пазарен инспекторат ја поздравува работата на Државниот завод за ревизија и дадените препораки ги гледа како основа за дополнително унапредување на работењето на институцијата. Од ДПИ велат дека ќе продолжат со постапување по препораките на ревизорите, но кадровското доекипирање останува меѓу клучните предизвици. И со најавените нови вработувања, до целосно потполнување на систематизираните 313 инспекторски места, би недостигале уште над 100 инспектори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00