Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
1Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
МакедонијаАнгелоски: Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ Фалсификат, злоупотреба и незаконско дејствување, Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ.Сојузот на стопански комори на Македонија остро ја осудува злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, која на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата. На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса ([email protected]), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека: • Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна. • Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури. • Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ. • Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат. Заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата. Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот. Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат. Апелираме до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ. Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил [email protected] и преку легитимните канали на Сојузот. Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата. Трајан Ангелоски, претседател на ССК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКонститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на властаСо трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот. А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад. По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ. -Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. , Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција. -Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети. -Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата. А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт. -Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија -Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата.. -Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград. -Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград. Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во ГинисТој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина. Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир. Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook