Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
1Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
2Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
Други спортовиАнгел Петрушев прогласен за најдобар кајакар на Македонија за 2022 Наградите беа доделени во трите дисцилини кои се актуелни во кајакраскиот спорт.Вчера во хотелот АУСТРИАН ПАЛАС , Скопје се одржа избор на најдобар кајакар за 2022 година во организација на Кајакарската Федерација на Македонија. Наградите беа доделени во трите дисцилини кои се актуелни во кајакраскиот спорт : За нај надежен млад кајакар во дисциплината кајак спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес. Плакета За најдобар млад кајакар во дисциплината спуст доби Кристијан Лазаров додека за најдобар кајакар во спуст-спринт е прогласен Аслександар Златаров. Плакетата за најдобар кајакар во спуст-класик ја доби Љубомир Спасиќ и најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ ККК Арка Борец Велес- Наградите ги додели претседателот на Олимписки комитет на Македонија Даниел Димевски Во дисциплината кајак спринт на мирна вода за надежна млада кајакарка е прогласена Јана Патче од ККК Црн Дрим од Струга.Плакета за нај надежен млад кајакар во дисциплината спринт доби Слободан Попоски, за најдобар кајакар во оваа дисциплина е прогласен Никола Малески ККК Радика- Дебар, додека за најнадежен млад кајакар е прогласен Јован Циркоски ККК Дрим Струга.Најдобар тренер во оваа дисциплина е прогласен Радован Поповски ККК Стрмец Охрид- Наградите ги додели Заменик директорот на Агенција за Млади И спорт Амир Билали. Во дисциплината кајак слалом на дива вода Плакета за За нај надежен млад кајакар доби Христијан Смилев Кајакарски клуб Бабуна Велес.За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски, за најдобра кајакарка пак е прогласена Олгица Мелова ККК Просек Демир Капија,најдобар кајакар во оваа дисциплина е Ангел Петрушев , додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.-наградите ги додели претседателот на Кајакарска Федерација на Македонија Г-динот Дрилон Леши. НАЈДОБАР КАЈАКАР ЗА 2022 ГОДИНА е прогласен АНГЕЛ ПЕТРУШЕВ со освоено 2-место на 53 Илинденски кајак слалом ИКАС 2022, 36 –место на Светски куп за Сениори во Краков Република Полска, 19 -место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа – Република Италија и 4-то место на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешке Буџевице – Плакетата и наградата од 150.000 денари ја додели претседателот на КФМ Г-динот Дрилон Леши. На оваа манифестација беа доделени благодарници за Ветераните во овој спорт Илија Младеновски , Ивица Крстиќ ,Трајко Ангеловски и Перо Доновски како и за Агенцијата за Млади и спорт и Олимпискиот комитет на С. Македонија за посебен придонес во реализација и афирмација на кајкарскиот спорт во Репубика Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк Во ретко ноќно гласање, чешката владејачка коалиција ги протурка промените во финансирањето на јавните медиуми во првото парламентарно читање, и покрај критиките дека тие би можеле да ја ослабнат независноста на јавниот радиодифузер.Популистичката влада на милијардерот премиер Андреј Бабиш, поддржана од крајно десничарската партија СПД, честопати го критикуваше известувањето на јавните и приватните медиуми за своите политики и ги обвинуваше одредени медиуми за пристрасност. Опозициските партии ги споредија предложените промени со реформите во Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, кој надгледуваше масовно проширување на прорежимските медиуми. Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата на јавниот сервис. Новинарите најавија штрајк. Владата вели дека ја укинува месечната претплата за домаќинствата од 205 круни (9 евра) со цел да ги намали трошоците за потрошувачите. Наместо тоа, финансирањето би се обезбедило директно од државниот буџет. Предлогот беше ставен на дневен ред во петокот надвор од планираниот работен распоред. Претседателот на парламентот Томио Окамура од СПД-аф ја ограничи дебатата и го закажа гласањето за сабота во 4:36 часот наутро. Владејачката коалиција потоа гласаше да го испрати законот до комисиите за понатамошна дискусија. Стотици демонстранти се собраа пред парламентот, а некои останаа таму цела ноќ. Локалните медиуми објавија дека неколку лица безуспешно се обиделе да влезат во зградата. Критичарите предупредуваат дека промените ќе го ослабат јавното радиодифузно емитување и ќе го направат ранлив на политички притисок. Чешката телевизија е најгледаниот радиодифузер во земјата меѓу сите главни возрасни групи, додека јавните медиуми се меѓу најдоверливите извори на вести во земјата - според анкетата на Институтот Ројтерс за 2025 година. Новинарите најавија штрајк Предлогот предвидува намалување на финансирањето на Чешката телевизија и Чешкото радио за околу 15 проценти, можеби веќе следната година, и задржување на номиналниот износ на финансирање непроменет неколку години. „Нема војна за независни медиуми“, рече Бабиш на Фејсбук доцна во петокот. „Нема борба за демократија, ниту се подготвува национализација на медиумите.“ Предлогот и неговото итно разгледување предизвикаа остри критики од јавната радиотелевизиска компанија, меѓународните новинарски здруженија и институциите што ги вклучуваат универзитетите и Католичката црква. „Предложениот закон е спротивен на Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој бара соодветно, стабилно и предвидливо финансирање на јавните медиумски услуги“, изјави Европската федерација на новинари во соопштението. Новинарите и другите вработени во јавниот сектор најавија штрајк за 3 ноември, додека граѓанското здружение повика на протест во недела.Тагови: новинарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаТрагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијатаТугба Онур (46) почина вчера околу 16 часот за време на липосукција (отстранување на маснотии) во приватна болница во населбата Зејтинбурну во Истанбул. По добивањето на трагичната вест, Мурат Онур тврдеше дека неговата сопруга починала како резултат на погрешна интервенција за време на операцијата. Се дознава дека болничките службеници не сакале да даваат никакви изјави во врска со случајот, објави Хуријет. Мурат Онур (46) опиша што се случило и нагласи дека неговата сопруга немала здравствени проблеми пред операцијата, и дека лекарот во болницата дури и не ја посетил пред процедурата. „Пристигнавме во болницата во 08:30 часот наутро. Чекавме до 15:30 часот. Кога пристигна докторот, мојата сопруга беше внесена во операционата сала. Докторот дури и не ја видел пред операцијата. По околу еден час, тој дојде до мене и рече дека мојата сопруга имала срцев удар и дека не можеле да ја реанимираат. Моментално нема никој од администрацијата на болницата или од лекарите. Болницата е отворена, но немаме со кого да разговараме. Ни кажаа дека анестезиологот не е во болницата, дека си отишол дома. Како може анестезиолог да ја напушти болницата за време на процедура што се изведува под општа анестезија? Кој ќе биде одговорен за ова? Дознавме дека слични инциденти се случиле во оваа болница и претходно. Претходно немавме сознанија за ова. Мојата сопруга работеше како негувателка во домот за стари лица „Дарулаџазе“. Само една недела претходно, таа беше подложена на општи систематски прегледи во таа институција. Немаше хронични заболувања“, рече Онур.Тагови: Истанбул липосукција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаОд идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на ПелистерНа Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија. Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади. Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање. Првата изборна конференција на Клубот на млади, која ќе се одржи утре во рамките на кампот, е предвидена со Акцискиот план на Движењето за 2026 година. Со неа се заокружува досегашната иницијатива и се отвора можност за понатамошен развој на младинската структура, преку која младите ќе можат поактивно да се вклучат во работата на ЗНАМ. ЗНАМ ја потврдува важноста на континуираната едукација и личниот развој на младите луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Политичкото учество подразбира знаење, посветеност и конкретна работа, а токму тие вредности се во фокусот на активностите што ги обединуваат младите на Пелистер. Вториот младински камп на ЗНАМ испраќа јасна порака: младите не се само иднината на Македонија, тие се гласот, енергијата и двигателот на промените што се случуваат денес. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38