Андреевски: Гасификацијата на државава остана само лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, денес таа станува реалност

Во пресрет на изборите на 12 април тема на денешната прес- конференција на Kомисијата за енергетика ќе биде контрастот меѓу две политики, две визии  во секторот, рече на прес-конференција,Митко Андреевски,претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

Од една страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од друга страна под китата на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период.

Факт број 1 за кој што денес ќе се потсетиме е во 11 годишното владеење на ВМРО- ДПМНЕ, носечкиот проект во гасниот сектор беше поврзувањето со "јужниот поток" и склучување на договори со Руската федерација и ГАСПРОМ.

Се потпишуваа меморандуми и договори, се организираа безброј патувања до Москва и назад, но реализација на тој проект никогаш не се случи.

Имено, факт број 2 од другата страна на изборната програма на СДСМ од 2014 и 2016 година, јасно посочивме дека на републиката и треба нов гасен коридор со еден од соседите, во случајот Интаконектор со Република Грција. Денес можам да ве информирам дека тој проект е поддржан и од САД и од ЕУ, добиени се парични средства во вид на гранд, а проектирањето е во завршна фаза. Се очекува во текот на оваа година да започне делот на изградба и во 2021 да ги почувствуваме придобивките од тој интаконектор.

Како што за 2,5 години ги реализиравме ветувањата дадени кон граѓаните, преку мерки и политики како што е враќањето на ефтината тарифа, решавањето на проблемот на исклучените од топлификациониот систем, намалување на ДДВ-то за парно греење од 18 на 5%, либерализација на пазарната електрична енергија и природен гас, носењето на нов закон за енергетика со сите негови европски придобивки и квалитети, изградбата на многу повеќе фотоволтаици, отворањето на можноста граѓаните да инвестираат во сопствени мини фотоволтаични централи итн.

Така ветуваме дека природниот гас со овој интерконектор, ќе стане достапен и ќе ја направи републиката транзитна земја на природен гас.

Затоа граѓаните на 12 април ќе направат разлика помеѓу една политика и една визија наспроти времето на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ.

Да не дозволиме повторно режим, рече Андреевски.

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот коалициски партнер, израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас".

Ганц на прес-конференција вчера рече дека неговата опозициска Партија на национално единство ќе се повлече од коалициската Влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, што фрла сомнеж за иднината на израелската Влада.

„Ако Нетанјаху избере да ја одведе нацијата во пропаст, ние ќе се повлечеме од Владата, ќе се свртиме кон народот и ќе формираме влада која може да донесе вистинска победа“, рече Ганц.

Кабинетот на израелскиот премиер, одговарајќи на Ганц, соопшти дека барањата на Ганц се „празни зборови“ што ќе значат „крај на војната и пораз на Израел, напуштање на повеќето заложници, оставање на (палестинскиот) Хамас на власт и создавање палестинска држава“, пренесува „Тајмс оф Израел“./МИА

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми.

Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција.

Како што се наведува, лекарскиот тим одлучил да изврши лекарски прегледи за да се утврди здравствената состојба на саудискиот крал, но не се соопштуваат детали. Саудискиот монарх беше примен во болница на лекарски прегледи во април, а подоцна беше отпуштен.

Тој е на власт од 2015 година, но се верува дека неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман е задолжен за секојдневните државни работи./МИА

притисни ентер