Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
1Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
2Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
МакедонијаАндовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од Обединета македонска дијаспораВо болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска дијаспора.Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска дијаспора, истакна денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, кој беше во работна посета на болницата. Донацијата, која е во вредност од околу 450 илјади долари и ќе се користи во сите медицински одделенија во болницата, како што истакна Андовски, уште повеќе ќе ги подобри здравствените услуги кон пациентите. -Ние како министерство, покрај тоа што сме фокусирани на вложувања во инфраструктура и опрема, во првата група од триста приватни специјализанти во кавадаречката општа болница со проширена дејност, вработивме четири приватни специјализанти. Во втората група, доколку има интерес, повторно се можни вработувања во оваа болница. Доделени се и шест нови државни специјализации тука, во тек е вработување и на 20 медицински лица и технички персонал, нагласи тој. Андовски изрази благодарност до сите вклучени во донацијата и задоволство од посетата во Кавадарци. Тој се сретна со здравствени работници и сонародници иселеници во Соединетите Американски држави. - Од името на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, упатуваме најискрена благодарност до Обединетата македонска дијаспора од Америка за несебичната и исклучително значајна донација во медицински материјали и опрема наменета за згрижување на болни, социјално загрозени и немоќни лица. Вкупната вредност на донацијата изнесува 447.600 американски долари, а нејзиниот придонес ќе биде директно насочен кон подобрување на условите за работа во нашата здравствена установа и зголемување на квалитетот на здравствените услуги за најранливите категории граѓани, рече директорката на болницата, Гордана Ѓорчева Камчева, која исто така изрази задоволство од донацијата. Притоа, таа истакна дека оваа поддршка претставува повеќе од финансиска помош - таа е гест на хуманост, солидарност и длабока посветеност на подобрување на здравствената заштита во нашата земја. Донацијата ќе овозможи унапредување на грижата за пациентите, модернизација на дел од капацитетите и олеснување на секојдневното работење на медицинскиот персонал. - Посебна благодарност упатувам до министерот и заменик министерот за здравство, кој со своето присуство и поддршка ја потврди важноста на оваа донација за македонскиот здравствен систем. Исто така, огромна благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци и членовите на Советот, за континуираната поддршка, разбирање и доверба што ја имаат кон нашата установа. Хуманоста и пожртвуваноста на македонската дијаспора се силен поттик за сите нас. Таа ни покажува дека, иако на илјадници километри далеку, нашите сограѓани не го забораваат народот и местото од каде потекнуваат. Оваа донација е пример за вистинска заедничка грижа, која остава траен белег и директно ја подобрува здравствената реалност во нашата општина, нагласи директорката на болницата, посочувајќи дека ова за нив ќе значи и на намалување на финансиските трошоци во работењето. Донацијата е направена во соработка со ОМД и Александар Бежановски (кој е со потекло од Македонија), како амбасадор за Македонија при организацијата World Medical Relief. Гордан Јорданов од Обединета македонска дијаспора, директор за Македонија и европскиот регион, се заблагодари на сите иселеници од дијаспората, а најмногу на тие што потекнуваат од Кавадарци. Тој информираше дека донираат по четврти пат, претходно во други општини. Притоа изрази надеж дека донирањето ќе стане традиција. Мишко Јосифов, роден во оваа болница, кој живее во Мајами 18 години, член на ОМД, за себе рече дека е многу активен во сите активности. Потенцира дека инсистирал да се направи нешто за родниот крај. - Јас бев првиот донор и им се јавив на други да се приклучат на акцијата, додаде Јосифов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаДрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот растЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата. „Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде: „Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“. Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг. „Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“. Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството. „Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде: „За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКим Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)Ким Кардашијан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ги откри импресивните димензии на нејзиниот иден гардеробер. Риалити ѕвездата има простор од приближно 743 квадратни метри, наменет исклучиво за складирање облека и модни додатоци, а снимките од овој простор предизвикаа бројни критики, објави Јаху. Многу обожаватели ја обвинија дека целосно го изгубила контактот со реалноста на обичните луѓе, оценувајќи дека покажувањето на такво богатство е несоодветно во време кога многумина се соочуваат со финансиски тешкотии. Ким Кардашијан гради гардеробер од 743 квадратни метри Оваа тема повторно беше дискутирана во реалното шоу „Кардашијан“, кога Кајли Џенер и Кортни Кардашијан разговараа за реновирање на своите домови. Разговорот набрзо се сврте кон проектот на Ким Кардашијан, откако Кајли ги спомена неверојатните димензии на идната гардероба на нејзината сестра. „Кортни, ова е всушност најлудата работа што некогаш сум ја видел“, рече Кајли, зборувајќи за просторот наменет за облеката на Ким. Кога ја прашаа дали мисли дека проектот е претерување, Кајли призна дека го сметала за „малку навредлив“, објаснувајќи дека нејзината сестра има толку многу работи од кои не сака да се откаже. На снимката прикажана во шоуто на Ким Кардашијан, таа им ја покажа на гледачите работата во нејзината куќа и откри дека целата соба, со површина од приближно 743 квадратни метри, ќе стане нејзин гардеробер. „Целата оваа соба е мојот гардеробер“, објасни ѕвездата, додавајќи дека ќе има и дополнителен простор за складирање под земја. Дури и Ким призна дека можеби претерала со своите планови. „Реков на мајка ми дека мислев дека малку претерав“, призна таа. Обожавателите ја обвинуваат дека изгубила контакт со реалноста Откако беше објавена снимката, многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа големината на гардероберот, доведувајќи во прашање потребата од толку многу простор. Некои веруваат дека ова прикажување на луксуз е нечувствително кон луѓето што се соочуваат со финансиски тешкотии. „Луѓето низ целиот свет страдаат, особено во моментов. Јас го сметам ова за невкусно и одвратно“, напиша еден корисник на Reddit, додека друг додаде: „Таа е целосно без контакт со реалноста“. Друг корисник го истакна растечкиот јаз помеѓу екстремно богатите и оние кои работат напорно за да сврзат крај со крај. Тој го критикуваше она што го опиша како раскошно прикажување на богатство и недостаток на социјална свест. Некои признаа дека ваквите сцени ги натерале да престанат да го гледаат реалното шоу на семејството Кардашијан. Тие рекоа дека шоуто станало постојан приказ на луксуз, а не на забава. View this post on Instagram A post shared by The US Sun (@thesunus) Ким Кардашијан има колекција од околу 30.000 предмети Гардероберот од 743 квадратни метри на ријалити ѕвездата не е единствениот импресивен простор посветен на нејзината облека. Во 2022 година, Ким Кардашијан покажа огромен магацин каде што ја чува својата модна архива, која вклучува приближно 30.000 предмети облека и додатоци собрани низ годините. Другите сестри не ги избегнаа коментарите од корисниците на интернет. Некои се потсетија на теретаната на Клое Кардашијан, за која се тврдеше дека има околу 929 квадратни метри, како и обемната работа во куќата на Кортни, која вклучува бројни камини.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
СветТрагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“. Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола. Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени. ফুকেতে আগুন #FireIncident #phuket https://t.co/YWM7UsaZ9R — anandabazar.com (@MyAnandaBazar) November 16, 2026 Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење. Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.Тагови: Пукет туристички рај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook