Андоновски во работна посета на Литванија - Канал 5

Андоновски во работна посета на Литванија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија.

Андоновски во работна посета на Литванија

Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Република Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност.

На првиот ден од посетата, министерот Андоновски ќе оствари средба со Едвинас Грикшас, министер за економија и иновации на Република Литванија. Во рамки на престојот, министерот ќе оствари средби и со замениците-министри за надворешни работи и за национална одбрана на Литванија.

Посетата на министерот Андоновски уште еднаш ги потврдува добрите односи меѓу двете земји, како и неодамнешната одлука на Владата за отворање на наша Амбасада во Вилнус. Амбасадата ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес.

Република Литванија е меѓу најактивните членки на Европската Унија и НАТО во доменот на безбедносните политики и политиката на проширување на Унијата, како и држава која континуирано го поддржува процесот на европска интеграција на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка

Значаен обид да се редизајнира логиката на проширување, вака дел од експертите го оценуваат актуелниот нон пејпер на Макрон и Мерц. 

Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка

За аналитичарот, Тони Поповски, под актуелните околности, Македонија би добила лимитиран дел од предвидените придобивки, затоа што се уште нема отворено кластери, кои се клучни за стекнување одредени бенефици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегија

Зачестените случаи на меѓуврсничко насилство го вклучи алармот за неопходноста од носење национална стратегија, вели во разговор за Канал 5, универзитетската професорка и социјолог, Татјана Стојаноска Иванова..

Стојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегија

Сања Тајковска Ставров разговараше со неа..

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Изјавата на Мерц ги разобличува лагите на владата дека не сме добродојдени во ЕУ

На самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Филипче: Изјавата на Мерц ги разобличува лагите на владата дека не сме добродојдени во ЕУ

На самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој воедно вели дека пораките на лидерите во црна гора се разобличиле како што вели лагите на владата дека не се добредојдени во Европската унија.. Ова филипче го изјава за време на денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и од „Корчуланската висока политичка школа“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен западен балкан...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер