Андоновски: Владата овозможува дигитализација на личните документи и подобра поврзаност - Канал 5

Андоновски: Владата овозможува дигитализација на личните документи и подобра поврзаност

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски .

Андоновски: Владата овозможува дигитализација на личните документи и подобра поврзаност

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој зборуваше за современиот свет, за модерните индустрии, за тоа како Македонија ќе оди напред кон дигитализацијата, a со сето тоа и да се намалат гужвите во институциите. Андоновски исто така стави акцент на сите оние чекори и процеси кои ќе ги спроведе министерството за полесно и успешно функционирање на граѓаните во државата.

Во поткастот министерот образложи како треба младите да се заштитат во сајбер просторот од евентуални закани и посочи дека како фактор на социјализацијата родителите односно семејството се на прво место и треба да помогнат во тоа, да се вклучат активно во целиот тој процес на воспитување, но и дека покрај тоа министерството е секогаш присутно за помош во таа насока.

„Прв заштитен механизам за младите на интернет особено за малолетниците мора да бидат нивните родители, не може државата да влезе во диктатура на забрана во сајбер просторот затоа што дел од родителите семејствата без да ме сфатат погрешно, не воспоставуваат начин на комуникација со своите деца во којшто знаат со што тие деца се справуваат на интернет и во исто време не ги користат таканаречените родителски контроли коишто постојат и на телефоните и на телевизорите , особено на смарт уредите“, рече Андоновски.

Исто така тој наведе дека ќе има проект кој ќе даде ресурси за побезбеден интернет, а сето тоа ќе биде во склоп со училиштата како би се постигнало надминување на евентуалните проблеми на интернет просторот, пријавување на истите и успешно справување со нив.

„Ќе имаме кол центар, центар за поддршка на лица коишто ќе се соочат со некоја закана опасност на интернет и каде што ќе можат да пријават и да добијат ресурс како да го надминат проблемот, во исто време преку тој проект ќе работиме и со училиштата, педагози, психолози ќе работат со деца со родители, на кој начин да им дадеме повеќе ресурс да можат да се справуваат со овие закани на интернет“, изјави Андоновски.

Министерот исто така најави и што се планира во однос на подобрување на дигиталните услуги, дека ќе се оди процес по процес во таа насока се со цел граѓаните да ги имаат сите дигитални алатки на располагање а за таа цел дека е потпишан грант договор со ЕУ за дигитализација на личните документи.

„Имаме одлука на владата со којшто ќе го потпишеме грант договорот од Европската унија имаме 1,2 милиони евра грант од ЕУ за дигитализација на личните документи и супер апликација тоа е нешто ново што ќе дојде во 2025 година, тоа ќе биде една апликација којашто ќе ги собере во едно место сите услуги за граѓаните и којашто внатре во себе ќе содржи дигитална форма на лична карта и возачка дозвола за почеток“, вели Андоновски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер