АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
МакедонијаАндоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уредиПроектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес. Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта од целата држава, повеќе од 20.000 ученици на возраст од 9 до 10 години, како и околу 1.000 наставници од одделенска настава. Наставниците ќе поминат обуки за користење на micro:bit уреди и современи дигитални алатки во наставата, а учениците ќе развиваат знаења и вештини од програмирање, сајбер безбедност, критичко размислување, решавање проблеми и основни концепти на вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека проектот е важен чекор кон вистинска дигитална трансформација во образованието, преку која технологијата станува алатка за учење, создавање и развој на самодовербата кај учениците. „Проектот ќе биде наменет за цела Македонија, опфаќа вкупно 100 училишта и повеќе од илјада наставници кои ќе поминат обука каде ќе се стекнат со вештини како да ги користат овие micro:bit уреди во нивната настава. Зборуваме за четврто и петто одделение, а уредите ќе се употребуваат во сите наставни предмети. По сите наставни предмети ќе може да се прават проекти со micro:bit уреди, преку кои учениците ќе учат основи на програмирање и основи на сајбер безбедност. Очекувам од материјалите што ќе ги произведеме, меѓу кои и прирачници, и наставниците во погорните одделенија да ги користат micro:bit уредите и да работат на реални проекти“, изјави Андоновски. Целта е учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, да размислуваат логички, да решаваат проблеми и да работат со современи дигитални алатки. Во рамки на партнерството, Македонски Телеком дополнително ќе опреми пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери беше реализирана токму во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настанот за почеток на проектот. Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги претстават своите идеи, креативност и стекнато знаење. „Училишта на 21 век – Фаза 2“ придонесува кон модернизација на образованието и подготовка на младите за дигиталната иднина. Програмата ќе им помогне на учениците да стекнат вештини кои сè повеќе се бараат на идниот пазар на труд, меѓу кои аналитичко размислување, креативност, технолошка писменост и иновативност.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook