3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
МакедонијаАндоновски: Со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор се усогласуваме со директивата на ЕУМакедонија со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор се усогласува со директивата на Европската Унија и европските политики во оваа област. Покрај податоците што институциите ги создаваат во рамки на своите надлежности, се опфаќаат и податоците и научните информации од истражувањата финансирани од Буџетот. Тоа е важен исчекор – знаењето создадено со јавни средства треба да биде достапно и употребливо за поширок општествен и економски бенефит. Ова денеска го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на јавната расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор. - За државата и институциите, ова значи системско поместување кон целосна отвореност: јасни обврски, стандарди и процес – навремено објавување, машински читливи формати, квалитет и употребливост. Кај динамичките податоци, целта е достапност веднаш по прибирањето, преку API и bulk download, секако со целосно почитување на заштитата на лични податоци, доверливоста и безбедноста. За граѓаните ова значи полесен пристап до информации и поголема отчетност. За медиумите и граѓанските организации – посилна алатка за анализа и надзор. За бизнисот и стартапите – можност да создаваат нови услуги врз основа на јавни податоци и да поттикнат иновации, конкурентност и нови работни места, рече Андоновски. Клучно е, како што посочи, и начелото на повторна употреба: по правило, таа е слободна, бесплатна и не бара претходно одобрување, со ограничувања само по исклучок и под разумни услови, без нарушување на конкуренцијата. - Денес, покрај расправата, сакам да нагласам и дека промовираме целосно редизајниран и технички унапреден Портал за отворени податоци — дата.гов.мк. Ова не е козметичка промена, туку сериозна модернизација, со што добивме значително поголема брзина и стабилност, но и клучно — повисоко ниво на безбедност. Заменет е и оперативниот систем, голем дел од старите екстензии беа нефункционални или без поддршка, па тие се преработени или изработени одново, а направена е и нова екстензија што е важно за подобро индексирање и видливост на порталот во пребарувачите. Како и комплетно нов, модерен дизајн и ново лого на порталот, рече Андоновски. Тој најави дека во рамки на настанот ќе биде промовиран и МДТ AI Assistant на data.gov.mk – интелигентен чат-бот интегриран со порталот за отворени податоци, кој им овозможува на корисниците природна интеракција, полесно и побрзо да ги пронаоѓаат податочните сетови преку семантичко пребарување, како и автоматски да добијат објаснувања и насоки за користење на CKAN API. Изрази задоволство што ова решение е развиено како практична соработка – со ангажман на студентите-волонтери во Министерството за дигитална трансформација и партнерство со Македонски Телеком. - Ова е шести закон од Поглавје 10 со кој Македонија се усогласува за помалку од една година — мерлив резултат и јасна посветеност. Но, денес не претставуваме „готова работа“. Напротив, ја отвораме расправата за да слушнеме што е применливо, што треба да се доработи и како најбрзо да стигнеме до систем што ќе функционира во пракса, потенцира министерот Андоновски. Програмскиот директор на Фондацијата „Метаморфозис“ Данче Даниловска - Бајдевска информира дека тие се организатори на јавната расправа, заедно со Министерството за дигитална трансформација. - Концептот на отворени податоци се темели на принципот на отворен пристап и служење на народот преку зајакнување на граѓаните, подобрување на бизнис околината и поттикнување на информиран општествен и економски развој. Во Северна Македонија во 2011 година почна овој системски концепт да се решава, а во 2014 година да биде донесен Законот за употреба на податоци од јавниот сектор, рече Даниловска - Бајдевска. Додаде дека како Фонација од самиот почеток се вклучени во овој, како што рече, важен процес за нас. Станислав Василковски од Министерството за дигитална трансформација имаше презентација на чат-бот (chat-bot) и надградба на порталот за отворени податоци.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолска по втор пат денеска затвори два аеродрома поради руски нападиПолска привремено го прекина сообраќајот на аеродромите во Лублин и Жешов по втор пат денес поради активности на воената авијација, бидејќи Русија спроведува нови воздушни напади врз Украина.Полската агенција за воздушна навигација објави дека операциите на двата аеродрома повторно се прекинати „поради активности на воената авијација“. Полските вооружени сили објавија дека нивните сили за воздушна одбрана се активирани поради руските воздушни напади врз цели во централна Украина. Тие нагласија дека станува збор за превентивни мерки насочени кон заштита на полскиот воздушен простор, особено на истокот од земјата. По втор пат денеска Истите два аеродрома беа привремено затворени порано денес, кога Русија изврши напади со беспилотни летала врз западна Украина. Потоа Полска ги подигна борбените авиони и ги стави во состојба на готовност копнените системи за воздушна одбрана и радарите. По завршувањето на руската операција, аеродромите беа повторно отворени, а полската војска објави дека полскиот воздушен простор не е нарушен. Полските власти издадоа предупредувања до жителите на војводствата Лублин и Подкарпатско за време на нападот. Според првичните податоци од полската војска, руски дрон со млазен погон што се движел кон полската граница се урна или беше соборен на украинска територија на околу четири километри од границата. Туск денес предупредува на можни руски напади врз земјите од НАТО Новото затворање на аеродромите доаѓа само неколку часа откако полскиот премиер Доналд Туск ги презентираше разузнавачките проценки за можните руски потези во парламентот во наредните месеци. Туск рече дека, според овие проценки, рускиот план вклучува „хибридни напади со беспилотни летала и ракети“ врз земјите што ја поддржуваат Украина, вклучувајќи ја и Полска. Тој додаде дека информациите што им се достапни на полските и сојузничките служби сега се „многу координирани и, за жал, убедливи“. Полскиот премиер тврди дека ваквите напади би можеле да се извршат на таков начин што Москва ќе ги претстави како случајни инциденти, со што ќе се тестира реакцијата на членките на НАТО. Ова е проценка што Туск им ја припишува на разузнавачките служби, а не потврда дека одлуката за извршување на вакви напади е донесена. Руски беспилотни летала веќе се фрлени многу блиску до Полска Тензиите на полско-украинската граница нагло се зголемија во последните денови. Во рускиот напад на 13 септември, беспилотно летало погоди бензинска пумпа во Јаходино, Украина, на околу 800 метри од граничниот премин со Полска. Друг дрон удри во локомотива за патнички воз на линијата Киев-Варшава, околу два километри од полската граница. Нема повредени патници. Потоа Туск свика состанок на безбедносните служби и рече дека примерите за ескалација на руските активности „се приближуваат сè повеќе кон нашата граница“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноГости изеле околу 50.000 мравки- ресторанот во Сеул е казнет поради служење забранет десертЈужнокорејски суд казни еден од најпознатите ресторани во Сеул за служење десерт украсен со мравки, бидејќи локалните закони за безбедност на храната не дозволуваат консумирање на инсектите.Менаџерот на ресторанот „Евет“, награден со две Мишелин ѕвездички, беше казнет со 5.400 фунти, додека извршниот директор на ресторанот беше казнет со 8.000 фунти, објави „Гардијан“. Судијата од Сеул, Ли Се-чанг, рече дека прекршокот не е тривијален бидејќи нивоата на тешки метали кај мравките биле над законската граница. Тој рече дека го зел предвид фактот дека обвинетите се изјасниле за виновни за кривичното дело и немале претходни пресуди. Michelin-starred Seoul restaurant fined for using ants as garnish https://t.co/bcLTKkkOjc — BBC News (World) (@BBCWorld) September 16, 2026 Само 10 видови инсекти се одобрени како состојки за храна во Јужна Кореја, вклучувајќи скакулци, црви и свилени буби. Министерството започна истрага откако забележа споменувања на јадења со мравки во објавите и на социјалните мрежи. Обвинителството соопшти дека ресторанот увезувал сушени мравки од САД и Тајланд по пошта од април 2021 година. Се проценува дека десертот им бил послужен на 12.274 гости, користејќи 49.096 мравки, генерирајќи вкупен приход од околу 65.000 фунти.Тагови: мравки ресторан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Црна хроникаУапсен е бегалец од затворот Идризово- бил осуден на 12 години и 8 месеци затвор Лишен од слобода бегалец од затвор во Гостивар.Денеска (17.09.2026) во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter