Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
2Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
МакедонијаАндоновски: m.Uslugi - апликација што ја носи Македонија на дланкаНа Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот и делувањето“. Супер апликација значи дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните, со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче. -Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за сѐ. m.Uslugi е новата и единствена супер-апликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење, изјави Андоновски. Апликацијата m.Uslugi овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и личната карта, директно на својот мобилен телефон, со целосна безбедност и контрола врз сопствените податоци. Преку ултра безбеден QR код се овозможува споделување информации без ризик, со користење на енкрипција со највисоки безбедносни стандарди. [На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот] Во првата фаза, апликацијата нуди две од најкористените јавни услуги, според потребите на граѓаните. Како што истакна министерот, ова е само почеток. -Секоја нова верзија ќе носи нови услуги и нови изненадувања за вас, додаде Андоновски. Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на самитот, ја истакна важноста на апликацијата m.Uslugi за иднината на дигиталната трансформација на земјава и додаде дека „е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен“. -Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба, рече Мицкоски и упати посебна благодарност до министерот Андоновски и неговиот тим за, како што рече, „жестоката и напорна работа“ во реализацијата на оваа иницијатива. Со оваа апликација, Македонија прави крупен чекор кон дигитална трансформација, обезбедувајќи модерен, ефикасен и безбеден пристап до јавните услуги за секој граѓанин. Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, апликацијата е во тест фаза наменета за тестирање со реални податоци. Секој заинтересиран тестер, корисник, програмер може да ја симне на начин опишан во прикачениот документ со QR код и инструкции за инсталирање на апликацијата. По добивањето на мислења од корисниците, финалната прва верзија од апликацијата ќе биде достапна до крајот на годината. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани ентузијасти да ја симнат, тестираат и дадат коментар за супер апликацијата м.Услуги.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЗабаваФото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“ Актерката и манекенката 61 годишната Елизабет Харли предизвика бројни реакции со своите разголени фотографии, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.Мегапопуларната Лиз Харли повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, овојпат со фотографии на кои позира разголена. Актерката го промовираше сопствениот бренд за облека, носејќи само гаќички и долга кошула. Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите, а многумина не можеа да поверуваат дека британската актерка има 61 година. - „Изгледаш апсолутно неверојатно“, „Најубавата жена на светот“ и „Безвременска – нема никој како тебе“ – се само дел од комплиментите што ги доби. Еден следбеник особено се запраша: - „Како е можно да изгледаш вака на твоја возраст?“ Харли често ја покажува својата витка фигура на социјалните мрежи – најчесто во бикини – а претходно откри и како ја одржува формата. Иако вели дека не била во теретана уште од 90-тите години, таа наоѓа можност за физичка активност преку секојдневните домашни обврски. „Не сум била во теретана уште од 90-тите, но ја одржувам формата преку работа во градината и кастрење на живата ограда. Сепак, бидејќи во Лос Анџелес немам грмушки за кастрење ниту плевел за чистење, одвојувам време за вежби за истегнување“, напиша таа покрај фотографиите.Тагови: елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложениеПоплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки. Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија. За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици. Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација: • Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации. • Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот. • Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки. • Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација. Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор. ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаМанасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар СамуилБугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот. Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија. Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување. Почитувани граѓани, Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter