Андоновски: Имаме Закон за сајбер безбедност и ги забранивме нелегалните игри на среќа - Канал 5

Андоновски: Имаме Закон за сајбер безбедност и ги забранивме нелегалните игри на среќа

Преземавме конкретни чекори и постигнавме значаен исчекор во дигиталната трансформација. 

Андоновски: Имаме Закон за сајбер безбедност и ги забранивме нелегалните игри на среќа

Како држава првпат добивме Закон за сајбер безбедност. Ги забранивме нелегалните игри на среќа и сега Владата работи на нов Закон за игри на среќа, кој ќе гарантира дека игрите на среќа претставуваат игра, а не зараза и порок за граѓаните, порача денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на панел-дискусијаta по повод една година Влада - „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Тој посочи дека првото нешто за кое се зафатиле да работат по доаѓање на власт, е реформската агенда.

-Нешто за што прво се зафативме да работиме беше реформската агенда. Со донесувањето на четирите закони во Собранието кои што произлегоа од Министерството за дигитална трансформација - Законот за сајбер безбедност, Законот за електронски комуникации, Законот за електронски документи и Законот за архивско работење или за електронска архива, ние успеавме да ослободиме 19 милиони евра средства од ЕУ, од кои што повеќе од 5 милиони евра се грант и на дело покажавме што значи примена на европски вредности и европски стандарди во функционирањето на државата, рече Андоновски.

Тој додаде дека за една година ја донесоа и Националната стратегија за сајбер безбедност, што како што рече, „не става вистински на мапата на предводници на европските реформи во Македонија“.

-Она што граѓаните го чувствуваат, се 120 нови електронски услуги и редизајниран национален портал. Тоа се услуги за сите граѓани. Не биравме кои услуги ги користат кои граѓани и на кој дел од државата. Отворивме центри за услуги поблиску до граѓаните и погодностите ги почувствува секој граѓанин од дигитализацијата. Приклучени се над 20 нови институции на платформата за интерперабилност. Апсурд претходно беше кога кажуваа дека воведуваат дигитализација, а потоа не тераа повторно истите документи да ги вадиме во хартиена форма. Зошто, кога можеме да ги користиме како целосно валидни, како и секаде во светот. Тие имаат електронски потпис и електронски печат. Ова е нешто што го направивме од 1 јануари, секој документ од национален портал да биде целосно валиден, рече Андоновски.

Министерот говореше и за нелегалните игри на среќа, кои како што подвлече, се забрануваат со цел да се заштитат граѓаните од сајбер напади.

-Со одлука на Влада, можеби порадикална, но сепак ги забранивме нелегалните игри на среќа. Со последната одлука, повеќе од 220 страници се забранети и ќе продолжиме во оваа насока, затоа што граѓаните, особено младите треба да бидат заштитени на интернет, рече Андоновски и додаде.

Како што потенцираше, прво ја изработиле Националната стратегија за сајбер безбедност кон крајот на 2024 година и потоа пристапиле кон донесување на првиот Закон за сајбер безбедност, којшто е целосно усогласен со европската регулатива и барањата на нашите НАТО партнери.

Министерот информираше дека Владата работи на нов Закон за игри на среќа и го најави дигиталниот Самит на Западен Балкан, кој што во октомври ќе се одржи во Скопје.

-Ќе се работи на малку поцврсто регулирање на овие прашања и недозволување на башибозукот кој што беше дозволен во минатото, за да гарантираме дека тоа претставува игра, а не претставува зараза и порок за граѓаните. Го организираме дигиталниот Самит на Западен Балкан, Скопје ќе биде средиштето на дигитализацаија во октомври, но првин на 2 октомври ќе ја промовираме апликацијата која што планираме да биде владина супер апликација, рече Андоновски.

Заменикот-претседател на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи во своето обраќање на денешната панел дискусија во Владата, посочи дека најпрвин извршиле увид во постоечките стратегии и во нивното спроведување.

-Како и секогаш, во претходното владеење имаше декларативни цели. Конкретен пример се стратегијата за антикорупција и стратегијата за транспарентност на Владата, при што според нашите проценки, нивното спроведување беше под 10 проценти. Ги разгледавме овие стратегии и почнавме со конкретни чекори за нивно спроведување. Формиравме тела за стратегијата против корупција и за стратегијата за запленување на незаконски имот. Работиме на тоа сите стратегии во рамките на Владата да бидат спроведени, да имаме политичка контрола, но и да имаме политичка волја, бидејќи во секоја основа, во спроведување на владини стратегии, тоа што недостасуваше беше политичката волја, рече Фетаи.

Како што посочи, добро владеење е ниво на начело кое подразбира неколку елементи - транспарентност, отчетност, права и инклузивност. Напомена дека се потребни јаки институции и координација, со цел ова начело да се преточи во резултат, но најпрвин потребна е политичка волја.

-Ние за жал, како Влада не почнавме од нула, туку од минус, бидејќи немаше никаков интерес дали во борба против корупцијата, дали во реформи во јавната администрација, дали во транспарентноста или соработка со цивилното општество. Имавме Влада која декларативно и на хартија имаше добри цели, но спроведувањето и реализацијата беа непостоечки, поради недостиг на волјата, додаде Фетаи.

Според Фетаи, јавната администрација е моторот на една држава. Како што дополни, не може да има функционална држава без силна, независна и ефикасна администрација.

-Кај нас низ годините се случувало обратното. Нашата администрација била крајно политизирана, преоптоварена и наместо да биде олеснувач на јавни услуги кои им се сервисираат на граѓаните, таа била еден вид на бирократија, која ги спречувала јавните услуги, развојот на државата, и е алатка на криминал и корупција. Нема да дозволиме ова да се случи во иднина, додаде Фетаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане. 

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Кумановскиот суд пресуди како што се очекуваше. Тој е виновен за за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане.

Во Куманово е Михаило Донев..

Михаило, дали веќе можеби е соопштена пресудата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. 

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA).

На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан.

Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму.

Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health".

„Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски.

На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот.

Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците.

Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија.

Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти.

„Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски.

Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства.

Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија.

Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок музичари и фронтмен на култната група Мајке, почина на 61-годишна возраст.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Баре беше една од најважните и најпаметните личности на хрватската рок сцена. Како пејач и автор на групата Мајке, тој остави длабок белег со песни како „Тешке боје“, „Мене не занима“, „Вријеме је да се крене“ и „Буди поносан“, објави Индекс.

Неговата кариера беше обележана со бројни концертни настапи, препознатлив глас и бескомпромисен пристап кон музиката, но и тешки животни борби, за кои отворено зборуваше.

Кон крајот на септември, на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат за време на првата песна. Бендот потоа објави двомесечна пауза за Баре да може да се одмори и да се опорави.

Неодамна даде големо интервју за Индекс

На почетокот на септември, во големо интервју за Индекс, Баре зборуваше за животот, музиката и неговиот однос со членовите на Мајке.

„Всушност, се извинувам, но не ми е жал за ништо. Мислам, не би сакал никој да ги доживее работите што ги доживеав јас, но и тоа е животот. Тоа е тага и плачење, и смеа и глад, и ситост и дебелина. Сето тоа е живот и не треба да се срамите од ништо“, рече тој тогаш.

Тој исто така зборуваше за тоа колку му значи бендот: „Да не беа тие, немаше да ме има ни мене. Не гледам никаква среќа без нив. Тие се моите најдобри пријатели и единствените луѓе што ме разбираат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер