3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
1Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
МакедонијаАндоновски и Владев официјално го отворија Центарот за услуги „ЕТУ Свети Николе“Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, официјално го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги, наменет за граѓаните на Свети Николе и околината.„По иницијатива на градоначалникот Дејан Владев, денеска сме во Свети Николе да го отвориме новиот Центар за услуги. Успеавме да отвориме канцеларија за доста кратко време, која со своите тројца вработени ќе нуди над 300 административни услуги за граѓаните и правните лица во Свети Николе. Сите граѓани кои немаат можност или не знаат самостојно да аплицираат за одредена услуга преку порталот, може да се обратат во канцеларијата за услуги“, изјави Андоновски. Министерот додаде дека во моментов се актуелни две услуги: аплицирањето за дозвола за оружје и ваучери за ИКТ-уреди за студенти, за што е потребно да се креира кориснички профил и, со лична идентификација, да се подигне нивото на Системот за единствена најава (СЕН). На прашање за извештајот на Државниот завод за ревизија во врска со Системот за интегрирано планирање на ресурсите (ИПР-систем), министерот одговори: „Системот, за жал, две години бил оставен без одржување. По склучувањето на договорот во јануари годинава, почнавме со спроведување на сериозен акциски план за надминување на недостатоците. Направени се безбедносни тестирања и заштита на корисниците и на податоците, а сега се тестира и поврзувањето со официјалните службени адреси за електронска пошта на сите корисници. Со завршувањето на овој пакет, ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме. Овој систем ќе им биде достапен на институциите и надвор од СОЗР — агенции, општини — кои материјално-финансиското работење сѐ уште го вршат хартиено, „пешки“, преку електронска пошта. Сега тоа ќе може да се врши преку нашиот систем.“ Тој најави и дека системот ќе биде поврзан со трезорското работење. „Оваа недела го тестиравме во нашето министерство. Нам веќе не ни се потребни сметководителите од СОЗР, затоа што нашите вработени во Секторот за финансии сами ги прават пресметките. Во следната фаза би сакал, со цел оптимизирање на работата на СОЗР, секоја институција или министерство самостојно да ги прави пресметките. Се надевам дека со развивањето на овие модули уште повеќе ќе ја подобриме работата на системот“, истакна Андоновски. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, се заблагодари за одличната соработка со Министерството за дигитална трансформација, која резултирала со отворањето на овој Центар за услуги, кој, според него, ќе им ја олесни работата на сите граѓани на Свети Николе да ги користат можностите што ги нуди ова министерство.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАларм низ училиштата низ Србија- сите ученици се евакуирани Во училиштата ширум Србија денеска стигнаа извештаи за поставени бомби. Била алармирана полиција, а учениците биле евакуирани. Утринава се евакуирани ученици од пет основни училишта и едно средно училиште во Лесковац поради дојава за бомба. Пријавите, како што беше речено, стигнале на училишната електронска пошта, како и досега, за Југмедија потврдуваат во ПУ Лесковац. Станува збор, меѓу другото, за Музичкото училиште во Лесковац, ОУ „Свеозар Марковиќ“ во Вучје. Исто така, од утринава дојава за бомби има во повеќе основни и средни училишта на територијата на Јужнобачкиот регион. Преку е-маил адреси на училишни институции пристигнале пријави дека во училишните простории биле поставени експлозивни направи. Да потсетиме, утринава поради дојава за бомба беше евакуирано и основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Сад, а работата беше прекината во многу училишта во Белград. Причината е иста - дојава за бомба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалГранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцинаНа капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки. Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години. Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци. По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот. „Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака. Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот. Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој. Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членовиСаша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига. Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма. Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша. Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи. Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат. Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх. Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува. Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо. На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Уште една проруска, антизападна партија во Македонија. Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава. Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати. Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook