Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеАндоновска: Нема отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухотВо моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Андоновска. Таа посочи дека пожарот во Трубарево е ситуација со која првпат се соочуваат државата и граѓаните и, рече, „многу е важно да не се политизира и да не се прави паника“. - Најважно е што сите институции, како што кажа министерот и од моите инфорамции, се веќе вклучени во целиот процес и работат според своите можности и заедно се координираме. Што се однесува до надлежноста на Институтот, ИЈЗ издаде одредени препораки. Да, тоа се општи препораки, но тие се во согласност со сите протоколи и со сите светски стандарди. Било кој институт во светот во ваква ситуација ќе ги издадеше истите препораки. И најодговорно тврдам дека доколку тие, колку и да изгледаат едноставни и обични, сепак доколку овие препораки се почитуваат, особено од граѓаните од ранливите групи, за лицата со хронични заболувања, со коморбидитети, бремените жени и децата, овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме, изјави Андоновска пред Универзитетска клиника за токсикологија на прес-конференција со министерот за здравство Азир Алиу. Таа најави дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата и појасни дека Институтот за јавно здравје не ги прави физичко-хемиските анализи во воздухот, затоа мониторингот ќе го прави друга државна институција. - Ние како Институт законски сме обврзани да правиме мониторинг на квалитет на воздух, почва и вода на радијацијата во воздухот. И можам да кажам дека Институтот располага со најсовремена опрема за оваа намена и со професионалци. Имаме 12 мерни станици на територијата на држвата, од кои неколку во Скопје, кои во реално време, во секоја секунда ни покажуваат дали има отстапувања од параметрите на радиоактивност во воздухот. Според нашите анализи и сознанија, во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот. Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се направат и дополнителни анализи, не само на воздухот. Наши екипи на ИЈЗ по препорака на министерството и Кризниот штаб ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови. Ќе бидат проверени и физичко-хемиските својства на водата за водоснабдување во овој период и евентуално алтернативни извори на вода што ги користат и граѓаните на време ќе бидат информирани, изјави Андоновска. Министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференцијата информираше дека надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување. Директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али во текот на вчерашниот ден и вечерните часови престојувал повеќе од 12 часа на терен, на местото на настанот, каде се спроведувале интервенции за гаснење на пожарот во Трубарево. - Поради долготрајното изложување на загадена средина и интензивната работа во координацијата на тимовите и надлежните институции, Али синоќа побара медицинска помош во државната токсиколошка болница. По извршените медицински контроли, неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик, информираше денеска ЦУК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57