Анџелина и Бред и официјално „сингл“ - Канал 5

Анџелина и Бред и официјално „сингл“

Некогаш најатрактивниот брачен пар во Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит  со одлука на судот официјално се „сингл“ иако нивниот развод се уште не е решен.

Анџелина и Бред и официјално „сингл“

Анџелина Џоли го тргнала и презимето Пит.

Според „Дејли маил“ судот одобрил поранешните сопружници да имаа официјален статус „сингл“. Исто така актерката веќе не се презива Џоли Пит, туку само Џоли.

Инаку, романсата меѓу Бред и Анџелина започна пред повеќе од една деценија на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во август над 600 казни за возачи на електрични тротинети

Електричните тротинети на мета на полицијата - Над 600 казни изречени  во август, додека полицијата во истиот тој период одземала и 18 електрични тротинети.

Во август над 600 казни за возачи на електрични тротинети

Во текот на август полицијата санкционирала и 20 малолетници кои управувале со електричен велосипед, додека 45 казни биле изречени бидејќи на еден тротинет се возеле по две лица. Најголем број на казни сепак биле изречени поради возење без соодветна опрема, а одземни се и неколку тротинети.

-162 санкции се изречени за неносење рефлектирачки елек при управување лесно електрично возило во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале лесно електрично возило итн. При тоа, одземени се 18 лесни електрични возила во времетраење од 30 дена,- -МВР.

Од МВР велат дека засилените контроли за лица кои возат со електричени тротинети се одвиваат на територија на цела држава, а рекорден број на казни во август биле напишани во Битола.

-Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. -МВР.

Засилените контроли на полицијата за електрични тротинети доаѓаат по законските измени од средината на јуни, согласно кои брзината на возење се органичува на максимални 20 километри на час, а лицето коешто управува со електричен тротинет мора да има наполнетои 18 години.

Со новите измени заострена е и казнената политика за прекршителите, а освен парични казни, во одредени случаи, како што е на пример возење на тротинет во алкохолизирана состојба, се предвидува и одземање на тротинетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани

Од Порше – со ѓубре директно во Лепенец, мебел и врати среде улица во Шуто Оризари, а синоќа скопјанец ја исфрли речиси цела дневна соба близу контејнер во Кисела Вода. 

Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани

Трите случаи за неполна недела, оправдано ги отвораат дилемите дали казнената политика е доволна.

Несовесниот граѓанин бил затекнат како остава градежен шут и кабаст отпад, но инспекторите го фатиле на дело и го санкционирале.

градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски за Канал 5 вели дека случаите не се изолирани и дека треба дополнително да се заострат санкциите, за што како што вели, веќе презел иницијатива..

„Вкупната казна којашто вчера затекнатиот сторител ја доби е 490 евра, но такви казни се изрекуваат цел изминат период на поединци или на групи кои девијантно се однесуваат во градот Скопје.“ – Орце Ѓорѓиевски.

Во исто време траат подготовките за поставување на камерите, кои треба да ги регистрираат ваквите прекршоци. Ѓорѓиевски вели дека се прибира потребната документација, а планот е низ Скопје да бидат поставени 200 камери.

,,Станува збор за 200 камери коишто ќе бидат распоредени на најкритичните места во градот Скопје...Јас морам да истакнам дека камерите нема целосно да ја покријат територијата, но сериозно ќе влијаат во создавањето на диви депонии надвор од населени места“, – Орце Ѓорѓиевски.

Реакциите во јавноста се интензивираа по случајот пред неколку дена кога жена паркираше покрај Лепенец и фрли ѓубре во реката, а плати повеќе за погрешно паркирање, отколку за загадување на животната средина, за кое е предвидена казна од 40, односно 20 евра ако се плати во рок од една недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија?

Европското посредување може да даде нов политички импулс за надминување на разликите со Бугарија и деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, оценуваат дел од експертите.

Ќе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија?

Според нив, барањето на Владата идните разговори со Софија да се водат со поголема вклученост на Европската Унија е логичен чекор, особено во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје.

Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, според аналитичарите, покажува две паралелни линии во владината политика. Од една страна, нема откажување од постојните меѓународни договори и од разговорите со Софија, но од друга, Владата не сака нов чекор во процесот без поголема вклученост на ЕУ и гаранции дека патот напред ќе биде предвидлив.

-Со оглед на сегашниот контекст, каде што бугарскта страна всушност тврди е европско прашање, дека протоколите се дел од рамката, дека целата преговарачка рамка всушност е нешто што ЕУ го побарала од земјава, апсолутно има смисла таквото барање да се поставува постојано и постојано. Дали ќе биде прифатено се сомневам, меѓутоа е начинот на кој што треба да се оди. На крај на краишта може да биде медијација на земји членки не мора да само преку ЕУ да оди – вели -Трошановски.

-Повикот е добар, дури и механизмот е добар. Разговори со Бугарија во присуство на ЕУ. Тоа праќа една политичка порака дека Мицкоски е подготвен да разговара за пробив во евроатланските интеграции. Но, тука се разбира останува проблемот со тврдата позиција на Бугарија, која вели дека францускиот предлог е конечен. Став, на кој на повеќе пати се приклучи и ЕК и ЕУ кои велат дека тоа се условите,- – Петар Арсовски, аналитичар .

Двајцата експерти посочуваат дека идејата за европско посредување не е нова, но токму посетата на Фон дер Лајен на Скопје ја гледаат како можност повторно да се отвори прашањето и да се потврдат македонските позиции. Во фокусот, покрај уставните измени, е и Акцискиот план за заштита на правата на заедниците, за кој Владата бара прифаќање и од бугарска страна.

-Што се однесува до акцискиот план на малцинства, тој недвосмислено беше поддржан од сите авторитети од Советот на Европа, ЕК и од сите земји членки минус Бугарија. Дали посебен формат во коишто ќе се убедува Бугарија, истиот да го прифати а тоа е првиот чекор ние да отпочнеме со преговори не знам дали ќе вроди со плод – посочува Трошановски.

-Посетата на Фон дер Лајен ќе биде политички поттик за побрза одблокада на евроинтеграциите. Било каков план, наш предлог или некаква идеја за тоа како овој процес може да се забрза, сигурен сум дека ќе биде добредојден од страна на ЕУ и ќе се соочи со понуда за помош – заклучува Арсовски.

Но, уставните измени не се единствената обврска на патот кон отворање на првиот преговарачки кластер.

Македонија треба да го финализира и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој предвидува конкретни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза, мерки во образованието, како и механизми за пријавување и институции задолжени за нивно спроведување. Планот е дел од условите поврзани со кластерот „Темели“, па и по евентуалното усвојување на уставните измени, земјава ќе треба да ги исполни и останатите почетни мерила за да може да го отвори првиот кластер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер