3Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
Шоу бизАнџелина Џоли влегла пешки во Украина- нејзиниот возач бил однесен во војскаНенајавената посета на познатата актерка и хуманитарка Анџелина Џоли на Украина беше засенета од бизарен инцидент.Имено, според тврдењата на неколку извори, еден член од нејзиниот тим наводно бил мобилизиран во украинската армија, пишува Политико. Ѕвездата од филмската серија „Томб Рејдер“ во вторникот го посети Херсон, град на фронтот, како амбасадор на УНИЦЕФ. Ова е нејзина втора посета на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, откако претходно го посети Лавов. Инцидент на контролниот пункт Висок украински функционер потврди за Политико дека член на придружбата на актерката имал инцидент со воени регрути на контролниот пункт, но властите сè уште истражуваат што точно се случило. Истиот функционер откри и дека Џоли не ја известила украинската влада за нејзиното пристигнување и влегла во земјата пешки. Спротивставени информации Дополнителна конфузија внесе и соопштението на Копнените сили на украинската армија. Тие првично објавија детално соопштение во кое се наведува дека возачот на актерката бил мобилизиран, но објавата подоцна беше избришана. Тие за Политико изјавија дека не можат „ниту да потврдат ниту да ги негираат“ деталите за инцидентот. „Информациите што се шират во медиумите се искривени, истрагата е во тек и сите околности се разјаснуваат“, се вели во нивното последователно соопштение. Сепак, регионалната канцеларија за регрутирање во Николаев го потврди инцидентот, наведувајќи дека возачот на Анџелина Џоли бил регрут и добил покана за воена обука. Засега не е познато дали морал веднаш да се јави на повикот или ќе се јави подоцна. Тимот на актерката одбил да даде официјален коментар за целиот случај.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“ Погрдни зборови го одбележаа мечот во Лос Анџелес. Дончиќ брутално го прозва дебитантот, а потоа му покажа кој е главен! Камерите снимија сè!Вербалната пресметка меѓу големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ и младиот Џаксел Ландеборг го одбележа дуелот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а она што започна како вербална конверзација на паркетот, прерасна во вистинска војна со зборови која продолжи и по натпреварот. Сè започна кон крајот на втората четвртина, кога Ландеборг, кој беше задолжен да го чува Дончиќ, влезе во расправија со една од најголемите ѕвезди во лигата. Лука изнуди фаул, а потоа, според снимките и извештаите од натпреварот, му рече на својот млад ривал: – Не можеш ти, (пи..ко) копиле едно, да ме чуеш! Потоа, Дончиќ почна да плеска со рацете, ставајќи до знаење дека провокациите воопшто не го вознемируваат. Ландеборг набргу заврши на клупата, но тоа не беше крајот на нивната пресметка. Откако постигна кош преку противнички играч, Дончиќ се сврте кон клупата на „Вориорс“ и продолжи да го провоцира Ландеборг, повикувајќи го да се врати на теренот. – Врати се, кучко(пи..о) Тренерот Стив Кер се обиде да ја смири ситуацијата, но тензиите не стивнаа. Ситуацијата кулминираше кон крајот на полувремето, кога на Ландеборг му беше досудена техничка грешка поради фрлање кон словенечкиот ас. Сепак, по натпреварот, Дончиќ нагласи дека овој пат не возвратил вербално и дека сакал да избегне непотребни технички грешки. – Тој многу зборуваше. Но, јас не одговорив ништо и сакам така да биде во текот на целата сезона. Не сакам да добивам технички грешки. Ова е првпат да нема обострана техничка грешка, бидејќи јас не кажав ништо – објасни Лука.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДПДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат. Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра. Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаСДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштијаСе најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови. Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook