Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство
1Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство
Шоу бизАнџелина Џоли открива дека се двоуми околу разводот со Бред Пит Анџелина Џоли даде едно од ретките интервјуа за нејзината врска со Бред Пит, воспитувањето на децата и животот во нејзините 40-ти години.45-годишната актерка се омажи за 57-годишниот Бред во 2014 година по скоро 10 години врска. Тие заедно имаат шест деца, а еден од омилените парови во Холивуд неочекувано се разделија во 2016 година и оттогаш се во процес на развод. Говорејќи за животот по раскинувањето на бракот, Анџелина истакна дека таа и Бред сè уште живеат блиску. "Сакав децата да бидат близу до нивниот татко, кој е на само пет минути. Чувствував одреден притисок да се преселам тука", изјави таа за британски Вог. Во продолжение на разговорот, таа сугерира дека сè уште се премислува за разводот од Пит. View this post on Instagram A post shared by British Vogue (@britishvogue) "Не знам. Последните неколку години беа прилично тешки. Се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Се враќам полека, како топење мраз и крв што се враќа во моето тело. Но, јас не сум таму. Се надевам дека ќе бидам. Го планирам тоа. ”- рече Анџелина. Актерката живее во пространа вила со шест спални соби и 10 бањи во Лос Анџелес, која претходно му припаѓала на основачот на американското кино, Сесил Б ДеМил. "Она што најмногу ми се допаѓа е тоа што нема простории за забава, но има многу патеки и места за шетање и размислување. Се чувствувам многу среќно што го имам тоа во моментот", рече актерката. Говорејќи за мајчинството, актерката рече дека не се смета себеси за традиционална мајка. "Се чувствувам како да ми недостасуваат сите вештини за да бидам традиционална мајка која останува дома. Управувам затоа што децата се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа", рече таа. View this post on Instagram A post shared by British Vogue (@britishvogue) Таа се осврна и на животот во 40-тите години. "Сакам да сум постара. Се чувствувам поудобно во четириесеттите години отколку кога бев помлада. Можеби затоа што ... Не знам ... Можеби затоа што мајка ми не живееше долго, така што има нешто во тие години што за мене е повеќе победа отколку тага. Ми се допаѓа. Се радувам на педесеттите години “, заклучи Џоли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
СветПутин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан.Кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека под нивното „стратешко водство и заеднички напори“, темелите на билатералните односи ќе бидат посилни, со посветла перспектива, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа. „Неизвесностите и непредвидливите фактори во меѓународната ситуација значително се зголемија“, рече Си, додавајќи дека аспирацијата на народот за мир, развој и соработка останува непроменета. „Кина е подготвена да соработува со Русија и другите земји за зајакнување на силите што ја водат реформата на глобалното управување и промовирање на рамноправен и уреден мултиполарен свет“, рече Си за време на состанокот на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан. Двајцата лидери, исто така, разговараа за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, според Ројтерс.Тагови: Владимир Путин Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобусиГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“.– Сум ги видел автобусите, ултрасовремени. Нашите тимови веќе работат на двете позиции, Автокоманда и Ѓорче Петров, каде ќе се поставуваат полначите за електричните автобуси – рече Ѓорѓиевски. Тој најави дека наредната недела ќе биде распишан тендерот за проектирање и изградба на трасата за системот БРТ за брзиот автобуски превоз. Тендерот за нови автобуси го спроведе Министерството за транспорт и врски. Ова беше трета јавна набавка по ред, откако првите две беа поништени. Министерот Александар Николоски пред еден месец кога заврши тендерот рече дека првите 30 автобуси ќе стигнат до крајот на декември. Според условите во тендерската документација, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци. Проценетата вредност на целокупната набавка, според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, изнесува околу 51 милион евра. Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови. Новите автобуси значително ќе го подобрат квалитетот на јавниот превоз во Скопје. Патниците повеќе години наназад се соочуваат со нередовен превоз, а ЈСП „Скопје“ нема доволно возила за да ги задоволи потребите на градот, објави „Плус инфо“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисХоливудска ѕвезда падна во депресија на трибините на УС Опен по поразот на Ѓоковиќ (ФОТО)Легендарниот холивудски актер, Орландо Блум, беше на трибините на Отвореното првенство на САД на првиот ден од турнирот, каде што дојде да го гледа Новак Ѓоковиќ во дуел против Маријано Навоне од Аргентина.Орландо Блум и претходно доаѓаше на натпреварите на Новак и фотографите често го фотографираа на трибините во ложата, а овој пат истото беше и кај Артур Еш, објави Телеграф. Сепак, за разлика од многу други ситуации, кога го гледавме насмеан, сега се забележани фотографии каде што е видливо незадоволен и лошо расположен. Очигледно, болната ситуација со Новак Ѓоковиќ и тортурата низ која помина поради повредата на теренот влијаеше и на легендарниот актер. Речиси целиот стадион беше со Новак Ѓоковиќ, кој плачеше во финишот од натпреварот кога повеќе не можеше да издржи бидејќи неговото тело откажа. Во тој момент, Орландо Блум изгледаше како да страда подеднакво со Новак Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter