Анџелина Џоли целосно се трансформираше за улогата во најновиот филм - Канал 5

Анџелина Џоли целосно се трансформираше за улогата во најновиот филм

 Многумина не ја препознаа познатата убавица.

Анџелина Џоли целосно се трансформираше за улогата во најновиот филм

Анџелина Џоли (49) се појави на црвениот тепих на Њујоршкиот филмски фестивал каде го претстави својот филм „Марија“ за животот на познатата оперска пејачка Марија Калас. Таа дури и запеа на црвениот тепих за да ги демонстрира пејачките способности што ги совлада за потребите на улогата.

Премиерата на филмот е закажана за јануари 2025 година, но на мрежите се појавија фотографии и инсерт од филмот кои ги изненадија фановите на познатата актерка. Нејзината трансформација во Марија Калас е неверојатна, а на некои фотографии Џоли која важи за една од најубавите жени на светот е буквално непрепознатлива. Многумина на почетокот не ја ни препознаа, а кога сфатија за кого се работи се запрашаа што ѝ се случило.

Кога официјално беше познато дека Анџелина Џоли ќе ја игра познатата Марија Калас, многумина беа скептични, велејќи дека Џоли е премногу убава за да може да ја претставува познатата Гркинка во вистинска смисла, како и тоа дека нема да може да ги отпее оперските арии како Марија.

Сепак, судејќи барем според инсертите, славната актерка успеала да навлезе во сржта на својот лик и да ја долови трагичната судбина на најголемиот сопран во историјата.

Како што признава, Анџелина Џоли седум месеци секојдневно вежбала пеење за да се подготови за улогата на Марија.

Инаку, многумина веќе шпекулираат дека Џоли следната година би можела да добие Оскар за таа улога, сепак таа тврди дека повеќе размислува за тоа што мислат фановите на познатата оперска дива отколку на наградите.

-Би сакала оние кои ја познавале, кои биле нејзини обожаватели да бидат задоволни, да не ги разочарам, туку да им биде драго што на вистински начин ѝ оддадовме почест на една таква жена. За оние кои не се запознаени со нејзиниот лик и дело, би сакала овој филм да биде прозорец во неверојатниот свет на операта и оперските пејачи - изјави неодамна Џоли.

Сепак таа признава дека работата на овој филм ја променила нејзината перцепција за класичната музика.

- И понатаму прво ќе го пуштам Клеш, но кога низ годините ќе доживеете многу работи, кога ќе ја почувствувате најголемата болка и најголемата љубов, ќе сфатите дека класиката и операта го имаат тој звук што допира во душата на секој од нас и најпрецизно, со истиот интензитет ја пренесува болката и љубовта - додаде Џоли.

Филмот „Марија“ е приказна за оперската дива Марија Калас, Гркинка родена во САД, која остана запаметена по својот божествен глас, но и по бурната врска со грчкиот милионер Аристотел Оназис. Сепак, тој ја напушти и се ожени со Џеки Кенеди, вдовицата на поранешниот американски претседател Џон Ф Кенеди.

Марија Калас почина на 53-годишна возраст во 1977 година во Париз. Турскиот актер Халук Билгинер го игра Оназис во филмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стапката на самоубиства во Германија расте, особено кај постарите мажи

Бројот на самоубиства во Германија повторно расте, по долготраен пад. Според официјалните податоци за 2025 година, 11.334 лица си го одзеле животот – што претставува зголемување од 964 случаи, односно 9,3 отсто, во споредба со претходната година.

Стапката на самоубиства во Германија расте, особено кај постарите мажи

Тоа значи дека, во просек, 28 луѓе дневно си го одземаат животот. Бројот на самоубиства во Германија го надминува вкупниот број на смртни случаи кои се последица на сообраќајни несреќи, насилство и употреба на нелегални дроги, пренесува „Дојче веле“.

Анализата на податоците покажува дека најзасегната група се постарите мажи родени во 1960-тите години. Иако има случаи и меѓу младите луѓе кои тешко се справуваат со животните предизвици, најголем пораст на самоубиствата е забележан кај возрасната група од 55 до 65 години.

По оваа возрасна граница бројот опаѓа, но повторно расте кај лицата на возраст од 80 до 90 години. Во сите возрасни групи, мажите почесто извршуваат самоубиство отколку жените. Минатата година, тие сочинуваа 69,2 отсто од сите случаи. Сепак, и бројот на самоубиства кај жените е во пораст во последните години.

Повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година

Бројот на самоубиства во Германија расте четврта година по ред и сочинува приближно 1,1 отсто од сите смртни случаи. Ова претставува пресврт на трендот што траеше речиси четири децении. Бројките постојано опаѓаа од рекордната 1981 година, кога беа забележани 18.825 случаи, сè до најниското ниво од 9.215 самоубиства во 2021 година.

Според проценките на Националната програма за превенција од самоубиства, повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година. Фондацијата за помош при депресија наведува бројка од приближно 500 такви обиди дневно. Германското здружение за хуман начин на умирање објави дека 1.287 лица ги искористиле услугите за организирано потпомогнато умирање, што претставува 11,4 отсто од сите самоубиства во Германија. Ваквата помош останува предмет на дебата во земјата.

„Ретко постои само една причина за самоубиство“

Правната основа за ова е одлуката на Сојузниот уставен суд од 2020 година, која на секој поединец му гарантира право да си го одземе животот, под услов тоа да биде чин на слободна волја – без надворешен притисок и да не е резултат на тешка депресија. Оваа одлука не дозволува друго лице да го одземе животот на некого, дури ни на барање на самото лице – практика која, до одреден степен, е можна во Холандија или Белгија.

Во Германија, дозволено е само да се обезбедат средства и да се понуди помош, самиот чин мора да го изврши поединецот. Фондацијата за помош при депресија и превенција од самоубиства смета дека ваквите случаи се пречести, истакнувајќи дека нивниот број е зголемен за 32 отсто од донесувањето на судската одлука.

Стручњаците посочуваат дека ретко постои само една причина за самоубиство. Речиси секогаш станува збор за комбинација од меѓусебно поврзани фактори. Ниту еден поединечен настан, ниту самото присуство на ментално заболување, не се единствениот одлучувачки фактор. Самоубиството е крајна точка на сложен кризен процес во кој поединецот повеќе не гледа излез и не е во состојба да прифати помош.

Многумина веруваат дека никој не може да ги разбере

Постојат бројни ситуации што можат да предизвикаат таква состојба: губење на работа, финансиска нестабилност, сиромаштија, трауматски искуства, губење на блиски лица, повлекување од општествениот живот и социјална изолација.

Истражувањата покажуваат дека лицата кои извршиле самоубиство често барале медицинска помош, но немале чувство дека некој навистина може да им помогне. На многумина им е тешко отворено да му кажат на лекар или терапевт колку се блиску до точката на целосен слом. Самоубиството останува табу-тема, а луѓето често се плашат дека ќе бидат етикетирани како ментално болни, дека ќе бидат подложени на присилно лекување или дека ќе ги изгубат своите социјални врски.

Како резултат на тоа, многумина веруваат дека никој не може да ги разбере. Германската фондација за помош при депресија нагласува дека секое спомнување на самоубиство мора да се сфати сериозно, а изјавите како „ништо веќе нема смисла“ можат да бидат знак дека некој е изложен на ризик.

Кај постарите лица, чувството на бескорисност може да послужи како поттикнувач (тригер)

Стручните лица ги советуваат пријателите и семејството да не се двоумат да поставуваат прашања, но истовремено предупредуваат да се избегнува давање премногу едноставни совети, како на пример: „работите ќе се подобрат“. Покорисни се пораки како: „Треба да знаеш дека си исклучително важен за мене“, „Се обидувам да разберам низ што поминуваш“ или „Заедно ќе го надминеме ова“.

Општеството фокусирано на успех често ги занемарува оние што не можат да го следат тој чекор, пренесува „DW“. Луѓето од најблиското опкружување можат – па дури и мора – да обрнат внимание на лицето кое е во ризик. Светската здравствена организација проценува дека секое самоубиство директно погодува во просек шест лица блиски до поединецот, додека последиците ги чувствува и поширок круг луѓе – од колеги, преку медицински персонал, па сè до сведоци.

Кај постарите лица, чувството на бескорисност – често наметнато од средината – може да делува како поттикнувач. Во такви случаи, дури и најмалиот гест на внимание може да помогне. Во август, германското Министерство за здравство претстави нацрт-закон за превенција од самоубиства, иако критичарите сметаат дека предложените мерки се недоволни.

„Одвоените 1,4 милиони евра се далеку од она што е потребно“

Германската фондација за заштита на пациентите истакнува дека издвоените 1,4 милиони евра се далеку под потребните финансиски средства. Првата точка за контакт при барање помош е матичниот лекар, кој, доколку е потребно, може да го упати пациентот кај психотерапевт или психијатар.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Папата Лав XIV за првпат ѝ се обрати на јавноста по операцијата на рак на белите дробови, изјавувајќи дека ова искуство го доближило до сите оние што страдаат.

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници верници се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го поздрават, пренесува „CNN“.

Папата изрази благодарност до медицинскиот тим за грижата, како и до сите што се молеа за него. Тој додаде дека постепено им се враќа на своите папски должности. Неговото појавување се совпадна со Римскиот маратон, додека илјадници тркачи поминуваа по главната сообраќајница што води кон плоштадот „Свети Петар“. Сепак, точно напладне, сите погледи беа вперени кон прозорецот на Апостолската палата, од каде што Лав XIV ѝ се обрати на толпата со цврст и силен глас.

Папата вчера беше отпуштен од болницата „Џемели“ по операцијата на белите дробови, при што му беше отстранет израсток. Подоцна беше потврдено дека станува збор за аденокарцином, најчестиот вид на рак на белите дробови. Веста за дијагнозата на рак, објавена пред четири дена, беше изненадување за Ватикан и за католичкиот свет, бидејќи Папата беше познат по својата добра физичка состојба.

Патувањето во Латинска Америка ќе се реализира според планот

Лекарите известуваат дека Папата добро закрепнува и сметаат дека е во состојба да патува во Латинска Америка – посета што е закажана за периодот од 6 до 17 ноември. „Би рекол дека нема клинички причини поради кои ова патување не би можело да се реализира“, изјави за „Ватикан њуз“ професорот Стефано Маргаритора, хирургот што го оперираше Папата.

Посетата на Папата на Латинска Америка ги опфаќа Уругвај, Аргентина и Перу. Лав долги години служел како мисионер и бискуп во Перу. Во планот на патувањето е вклучен и престој во Куско, град што се наоѓа на надморска височина од приближно 3.350 метри, каде што нивото на кислород во воздухот е за околу една третина пониско отколку на нивото на морето.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лице

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.

Лишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лице

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против К.М.(36) и С.Б.П.(22) двајцата од Турција поради постоење основи на сомнение дека со уште едно лице исто така од Турција извршиле кривично дело „убиство во обид“ по член 123 вв член 19 од Kривичниот законик. Имено истите во стан на подрачјето во Карпош физички ги нападнале и со остар предмет им нанеле повреди на две лица од Турција на возраст од 26-години, а во станот биле и две женски лица, a потоа пријавените се дале во бегство. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Скопје двете лица се пронајдени и лишени од слобода на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер