Анчелоти: „За нас сезоната сега започнува“ - Канал 5

Анчелоти: „За нас сезоната сега започнува“

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го победија тимот на Манчестер Сити со 3:2 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Анчелоти: „За нас сезоната сега започнува“

Предводникот на најтрофејниот европски фудбалски клуб, Реал Мадрид, Карло Анчелоти по триумфот на гостувањето кај Манчестер Сити од 3-2 со голем резулатски превсрт изјави дека мадридскиот клуб мора добро да се подготви за реваншот од плеј-офот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го победија тимот на Манчестер Сити со 3:2 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

"Не можевме да го решиме прашањето за пласман во осминафиналето, но добивме мала предност. Тоа беше добар натпревар за нас и мораме да бидеме среќни. Имавме многу шанси, но Сити ни создаде и проблеми. Сега треба добро да се подготвиме за реваншот, но оваа победа ни дава голема самодоверба", изјави Анчелоти.

Италијанскиот стратег истакна дека играчите на Реал одиграле добар натпревар во Манчестер.

„Беше добар натпревар и очекувавме ваков тип на игра. Понекогаш имаше недостиг на рамнотежа, но со доза на откажување, квалитетот беше видлив. Ова секако е начинот на кој сакаме да одиме. И покрај многуте потешкотии што не придружуваат оваа сезона, постигнавме добар резултат. Последните четворица во одбраната никогаш досега не играле заедно, ниту на тренинзите. И покрај таквата ситуација, успеавме да дојдеме до вистинскиот резултат.

Реваншот се игра на 19 февруари во Мадрид. „Најголемата грешка што можете да ја направите е да мислите дека веќе сте победиле и дека сте го изгубиле фокусот. Свесни сме дека ова беше само првиот натпревар. За нас, сезоната започнува сега“, заклучи Анчелоти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.

Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер