Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
2Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
ФудбалАнчелоти презема драстични мерки за да избегне дополнително понижување од БарселонаТренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти размислува за значителни промени во својот тим за да избегне повторување на понижувачки порази како оној од Барселона (2:5) во финалето на шпанскиот Суперкуп и претходниот во Ла Лига (0:4).Според „The Athletic“, Анчелоти планира да донесе повеќе рамнотежа во одбраната со вклучување дополнителен играч од средниот ред на сметка на еден од напаѓачките играчи. Најверојатен избор за преселба на клупата е Родриго, кој сезонава има седум гола на 23 натпревари. Против Барселона, Реал Мадрид излезе со офанзивна четворка вклучувајќи ги Килијан Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингем, што остави големи празни места помеѓу нападот и средниот ред - слабост што вешто ја искористи противникот. За зајакнување на средината, Анчелоти размислува да го врати Аурелиен Чуамени во средниот ред, додека Раул Асенсио би можел да заземе место во центарот на одбраната. Алтернативно, Чуамени би можел да остане во одбраната и Дани Себаљос или Лука Модриќ да бидат вклучени во средниот ред во формацијата „дијамант“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин НетанјахуЏаред Кушнер зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и пратеник за Блискиот Исток, пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху .Ова доаѓа откако Кушнер одржа разговори со Хамас за спроведувањето на мировниот план за Газа, поддржан од САД. Минатиот месец, одборот за мир на Трамп соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на хамас и другите вооружени групи во Газа. Минатата недела, Израел го отфрли планот на Трамп од 15 точки, кој исто така повикува на повлекување на израелските трупи и обнова на Газа под нова цивилна палестинска администрација. Осум муслимански земји во неделата издадоа соопштение во кое го осудуваат отфрлањето на планот од страна на Израел. Многу Израелци се исто така скептични дека Хамас е подготвен да се разоружа.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрмијата одбележува 34 години од формирањетоСо повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на армијата. По повод 18 август – Денот на армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 пло-туни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден пло-тун од 6 артилериски орудија.Триесет и четвртиот роденедне на армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. За роденден на армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter