Анчелоти: На Реал му недостасуваше постојаност во текот на сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашање што му недостигаше на тимот во сезоната 2022/23.

- Не ни недостигаше конкурентност во лигата. Имавме посилен состав од минатата сезона, но ни недостигаше стабилност. Тоа беше многу тешка сезона: Суперкупот на Шпанија во јануари, Светското првенство. Во февруари, борбата за шампионската титула. Сето ова не чинеше бодови во лигата. Сезоната беше добра и убеден сум дека следната година ќе биде подобра. Сега ќе се вратиме на 10 јули со уште поголема мотивација, ентузијазам и желба, изјави Анчелоти, цитиран од клупскиот сајт.

Италијанскиот фудбалски стручњак претходно потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Реал Мадрид заврши на второто место со 78 бодови. Победник во Ла Лига беше Барселона со 88 бодови.

Во Лигата на шампионите, избраниците на Анчелоти стигнаа до полуфиналето каде загубија од Манчестер сити (1:1, 0:4). /MИА

Летачко такси во Дубаи до почетокот на 2026 година

 Летачката такси-услуга во Дубаи ќе биде пуштена во промет до првото тримесечје на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор на одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на најпознатиот град во ОАЕ.

- Имаме план за до првиот квартал на 2026 година да почнеме со авио-такси услуга. Во мигов работиме на тестирање и сертификација на самото возило со нашите партнери од американската компанија „Џоби авиејшн“ (Jobi Aviation). Ја почнуваме и фазата на дизајнирање станици со „Скајпорт“ (Skyport) - британската компанија којашто ќе развива хелиодроми, појасни Ал Авади.

Според најавата, во Дубаи се планира изградба на четири вертикални хелиодроми за такси-летала, од коишто два ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на 2026 година.

- Со нашите партнери работиме оваа услуга да биде што попристапна и веруваме дека ќе биде многу поевтина од користењето конвенционални хеликоптери, додаде директорот на Управата.

Цената на оваа услуга, според првичните информации, ќе биде пониска или приближно исто како и онаа за изнајмување лимузина. Електричното летачко такси, исто така, ќе биде и „сто пати потивко“ од обичниот хеликоптер, се вели. И копнено-сообраќајната такси-услуга се електрифицира.

- Би требало, до 2035 година сите такси-возила во Дубаи да бидат електрични, а до 2050 година целиот возен парк да се состои само од електрични автобуси, заклучува Ал Авади.

Што се однесува до такси-автомобилите без возачи, коишто се развиваат заедно со „Џенерал моторс“, во Дубаи ќе бидат пуштени веќе во 2025 година. Тестирањето е во тек./МИА

Седумчлено семејство од делчевско Тработивиште бара материјална помош

Седумчлено семејство од делчевско Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот.

Родител на пет деца од делчевското село Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот во нивниот дом во селото.

Ариф Асанов, кој заедно со неговата сопруга имаат скромни примања, не е во можност сам да купи материјал за оспособување на простор за основни хигиенски потреби заради што реши да ја побара поддршката од хуманите граѓани.

-Две собички имам, сакам да доуредам простор за купатило, а и покривот исто е паднат. Само јас сум вработен, жената се грижи околу децата. Тие одат на училиште, а јас со моите примања не можам да успеам да направам купатило. Една плата е, сакам, но не можам да постигнам, вели Асанов.

Доколку обезбеди материјал, вели дека сам ќе ги заврши градежните работи, а добил ветување од соседите дека и тие ќе му помогнат.

-Знам да работам со малтерација и комшиите ветија помош, знам да работам со малтерација. Мора да го направам, ќе пораснат децата, нема кај да се избањаат. Инаку моментално јас и едната ќерка заедно спиеме во една соба, другите се во другата соба. Ако има материјал и за друга соба ќе ја направам. Сите кои сакаат да помогнат нека ме контактираат на 078/714-689, додава Асанов.

Поради ниските примања по завршувањето на работата Асанов собира пластични шишиња за да го прехрани семејството. Од нив, како што вели, успева да обезбеди 1500 денари за да го надополни и онака скромниот буџет.

Остава, како што вели, хуманите граѓани да го слушнат неговиот апел и да помогнат да обезбеди подобри услови за живот во тројната куќичка во Тработивиште.

Ѕиѕикостас: Транспортот е централен столб на Европа

Преку социјалните мрежи новиот грчки комесар рече дека е „голема чест и одговорност“ што претседателката на Европската комисија ѝ ги довери на Грција ресорите за одржлив транспорт и туризам.

Транспортот е централен столб на Европа, има геостратешко значење за клучните сектори како што се трговијата, енергијата и вмрежувањето, а во исто време обезбедува слободен пристап, движење и меѓусебно поврзување на граѓаните и регионите, основно право во Европската Унија, порача новиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку социјалните мрежи новиот грчки комесар рече дека е „голема чест и одговорност“ што претседателката на Европската комисија ѝ ги довери на Грција ресорите за одржлив транспорт и туризам.

Ѕиѕикостас посочи дека транспортот е важен и за циркулацијата на производи и услуги што претставуваат „клуч за кохезијата и конкурентноста на Европа“, но и дека „во срцето на транспортот се и поморството и поморскиот транспорт, кои имаат клучна улога за Европа“.

- Европската унија испраќа силна порака дека има сеопфатен и интегриран пристап кон развојот, фокусирајќи се на стратешки инвестиции во важни инфраструктури, зелен транспорт и одржлив туристички развој, кои го подобруваат секојдневието и квалитетот на животот, приближувајќи ја Европа до нејзините граѓани, истакна Ѕиѕикостас.

Како што вчера објави МИА, откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го објави составот на новата ЕК, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Фејсбук изрази „големо задоволство за ресорот одржлив транспорт и туризам, за кое е избран Апостолос Ѕиѕикостас“.

Новиот грчки комесар пред да замине за Брисел беше префект на периферијата Централна Македонија во северниот дел на Грција./МИА

притисни ентер