Анчелоти: Би било грешка да мислиме дека веќе сме ја завршиле работата - Канал 5

Анчелоти: Би било грешка да мислиме дека веќе сме ја завршиле работата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Манчестер Сити (3:2) во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, истакна дека на екипите им претстои реванш и дека не е ништо готово.

Анчелоти: Би било грешка да мислиме дека веќе сме ја завршиле работата

- Победивме на гостински терен, но би било погрешно да мислите дека веќе сме ја завршиле работата. Ова беше само прв натпревар од пресметката. Реал добро се бранеше, сите работеа напорно. Тимот покажа ефикасност во нападот. Не се откажавме кога губевме во два наврата. Можевме и подобро. Не очекува уште еден тежок меѓусебен дуел. Не смееме да го изгубиме фокусот, изјави Анчелоти.

Реваншот ќе се одигра во Мадрид на 19 февруари. Победникот од оваа двомеч ќе игра во 1/8 финалето против Атлетико или Баер./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер