Анализата на ДНК на последните неандерталци ги изненади научниците - Канал 5

Анализата на ДНК на последните неандерталци ги изненади научниците

Прогресивното генетско распаѓање често се сметало за една од главните причини за исчезнувањето на најблиските човечки роднини - неандерталците.

Анализата на ДНК на последните неандерталци ги изненади научниците

Сепак, последните неандерталци од Европа им приредиле големо изненадување на истражувачите кои решиле да ги анализираат нивните генетски податоци. „Археолошките, остеолошките и генетските докази сугерираат дека неандерталците живееле во мали групи, но помалку се знае за тоа дали овие групи биле дел од изолирани заедници или припаѓале на поголеми, добро поврзани популации. Густата концентрација на неандерталски локалитети од сличен период во сливот на реката Меза, Белгија, дава ретка можност за проучување на регионалните популации со висока резолуција“, велат истражувачите во студија објавена во списанието Nature, додавајќи:

„Генериравме генетски податоци од 27 неандерталци кои живееле пред помалку од околу 52.500 години на 10 археолошки локалитети во Белгија и Франција, вклучувајќи геном со висока покриеност од 45.000-годишна личност од Гоје, Белгија. Покажуваме дека повеќето од овие поединци се потесно поврзани едни со други отколку со други неандерталци во Европа од сличен период. Покрај тоа, некои од овие поединци носат ДНК од неандерталска лоза што претходи на дивергенцијата на доцните неандерталци. Иако овие поединци неандерталците се преклопувале со раните современи луѓе во северозападна Европа од околу 47.000 години..., не наоѓаме докази за проток на гени од современите луѓе.“

Нема инбридирање

Како што продолжува да се вели, „тие исто така не покажуваат генетски карактеристики на инбридирање, како што се пронајдени кај неандерталците од Алтај, што сугерира дека тие живееле во поголеми или подобро поврзани групи.“

„Понатаму, генетското оптоварување не се акумулирало со текот на времето, што се аргументира против прогресивното генетско распаѓање како двигател на изумирањето на неандерталците“, наведуваат авторите на студијата.

Важен придонес во ова истражување даде примерок од неандерталец откриен на локалитетот Ле Кот во Франција, ископан под раководство на професорката Мари Сореси од Факултетот за археологија на Универзитетот Лајден. Претходните генетски анализи на оваа индивидуа веќе открија неочекуван генетски профил, покажувајќи врски со популациите на неандерталците кои живееле далеку надвор од Западна Европа, соопшти Универзитетот Лајден.

Во оваа студија, примерокот од Ле Кот послужил како клучна референца за толкување на новодобиените геноми од Белгија и Франција, како и за реконструкција на историјата на популацијата на последните неандерталци. Заедно, податоците откриваат дека овие последни неандерталски популации не биле единствена хомогена група, туку мрежа од меѓусебно поврзани заедници кои задржале траги од различни предокални лози сè до непосредно пред истребувањето.

„Секој дополнителен висококвалитетен неандерталски геном дава извонредна количина нови информации. Наодите презентирани во оваа студија покажуваат колку многу можеме да научиме кога повеќе поединци ќе станат достапни за генетска анализа“, рече професорката Сореси.

Според неа, овие наоди истакнуваат колку уште многу треба да се открие за неандерталските популации и нивните социјални врски.

„Само што почнуваме да ја откриваме разновидноста и сложеноста на неандерталските популации“. Како што повеќе геноми од локации низ Европа и пошироко ќе станат достапни, ќе можеме да преминеме од проучување на изолирани поединци кон реконструкција на цели заедници, нивните односи и социјалните мрежи што ги поврзувале, рече Мари Сореси.

Кои се неандерталците?

Homo neanderthalensis (и според некои истражувачи, Homo sapiens neanderthalensis) се поранешни членови на родот Homo, чии фосилни остатоци за прв пат се пронајдени во 1856 година во долината Неандер во Германија, по што се именувани. Некогаш сметани за бавни, сурови и тапоумни роднини на луѓето, неодамнешните истражувања покажаа дека тие биле вешти ловци, изработувачи на алатки и користеле софистицирани техники за да се лекуваат едни со други. Тие исто така се мешале со членови на нашиот вид - Homo sapiens - така што повеќето современи луѓе со потекло надвор од Африка имаат процент на неандерталска ДНК. Неандерталците изумреле пред околу 40.000 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер