Анализа: Дали „втора лига“ членство во ЕУ е добра опција за Македонија? - Канал 5

Анализа: Дали „втора лига“ членство во ЕУ е добра опција за Македонија?

Колку е реална можноста Македонија да стане членка на ЕУ во 2027 во пакет со Украина, Албанија и Црна Гора како дел еден поширок план поврзан со мировен договор за Украина? 

Анализа: Дали „втора лига“ членство во ЕУ е добра опција за Македонија?

Според аналитичарот Петар Аросовски ваквото сценарио е тешко остварливо, не но и невозможно, но смета дека за Македонија подобра опција е полноправно членство во Унијата.

„Мислам дека не е невозможно имајќи го предвид новиот апетит од безбедносни причини на ЕУ за проширување на Западен Балкан и притисокот што се создава заради Украина кој рефлектира и на нас за да не останеме слепо црево во проширувањето, но засега тоа е далеку од официјална иницијатива. Ние во моментот имаме преговарачка рамка со услов уставни измени која не води до полноправно членство. Илузија е да се смета дека евентуачно асоцијативно членство би ги исклучило уставните измени тие ќе останат услов и во асоцијативното членство. Прашањето е ако веќе плаќаме еднаква цена зошто би прифатиле утешна награда наместо полноправно членство“– Петар Арсовски, политички аналитичар

Новинарот Бранко Героски гледа компромисен план во ваквото сценарио за членстсво, но е на став дека тоа нема да значи и крај на условувањата за Македонија.

„Идејата е добра, привлечна и е блиска до онаа идеја за Европа со две брзини, европа со А и Б лига за која се зборува веќе десетина години, меѓутоа не постои консензус во Унијата за такво прашање особено кога станува збор за Украина. Во принцип тоа би било едно брзо, краткорочно решение за влегување на група земји во Б лигата на ЕУ, но лично сметам дека тоа е прашање кое не е остварливо и не е многу ралисично. За Македонија тоа нема да значи крај на проблемите со Бугрија и крај на условувањата од нивна страна или и од еветуално други членки на Унијата, но ќе значи еден силен поттик за нашата надворешна политика и сегашниот приницпиелен став“– Бранко Героски, новинар

Било какво члеснтво во Унијата, според Андреја Стојковски е добро за Македонија и од економски и од политички аспект, но периодот од една година е краток за реализација на еден ваква идеја.

„Тешко остварливо е сето тоа да се постигне до 2027 година. Ако е потребно да се искаже подготвеност од страна на државите кои пристапуваат дека би се откажале од правењето на проблеми, ако правото е вето е тоа за да може да се продолжи со ваквото размислување, можеби е добро, но не мислам дека таква дискусија ќе може да се заврши до крај на 2026-та за да може да се регулира правно и да се прифати од страна на сите земји членки“– Андреја Стојковски, институт „Преспа“

Во однос на ваквите можни сценарија од Европската комисија за Канал 5 порачаа дека не сакаат да коментираат шпекулации и дека процесот на пристапување кон ЕУ e јасно воспоставен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили?

„Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“.

Од четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили?

Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои.

Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување.

Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП.

Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца.

Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација.

Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот.

„Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада .

Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање.

Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам.

Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски.

За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието.

Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер